Фото: Пиксабеј

Полицијата приведе 18 возачи поради безобѕирно управување со возила на територија на целата држава, од кои 16 управувале без возачка дозвола, а двајца и покрај активна забрана за возење.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека осум од приведените се од Скопје, меѓу кои и двајца малолетници, тројца се од Гевгелија, двајца од Кичево и по еден од Тетово, Радовиш и Дебар.

Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена марихуана, додека кај возач од Тетово биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта.

Дополнително, по еден возач во Скопје и Кичево управувале возило иако имале активна забрана за возење.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – соопшти МВР.