Скопје танцовиот театар вечер во Кино Култура ќе ја одржи премиерата на претставата „Непознато“ која е трета продукција на еднинствената современа танцова компанија во Македонија за 2018 година.

Претставата се состои од две кореографии, првата под наслов „Чудаците“ во кореографија и режија на Матеа Киселичка и „Непознато – фрагменти на извонредна машина“ работена по идеја на Александра Петрушевска.

Во првиот дел настапуваат Александра Петрушевска, Адријана Данчевска и Анастасија Данчевска, оригиналната музиката е на Борко Биџовски, а се употребуваат и фрагменти од операта „Лакме“ на Лео Делиб.

Во вториот дел „Непознато – фрагменти на извонредна машина“ настапуваат Адријана Данчевска, Матеа Киселичка, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Александра Петрушевска, Јоавана Зајкова, Бобан Русески, Сара Цветкова и Тереза Лазарев.