Бебиња биле заменети при отпуст на мајка во Клиничкиот центар на Црна Гора(КЦЦГ), јавуваат црногорските медиуми.

Прв што забележал нешто необично бил таткото, кој видел дека бебето е многу поситно. Кога стигнале дома, мајката на рачето на девојчето забележала дека бројот на нараквиците не се совпаѓа со нејзиниот. Потоа, веднаш се вратиле во болницата, па проблемот е надминат.

КЦЦГ го потврдија случајот. Против одговорните медицински сестри е покрената дисциплинска постапка.