Во Клиничкиот центар синоќа во 08.00 часот при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал затвореникот А.К. (37) од Скопје.

Осуденикот издржувал казна затвор во Казнено-поправната установа Идризово, а на 12.05.2018 година бил хоспитализиран на Клиниката за гастрологија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.