Реал Мадрид е првак, но Барселона е водечка во Европа
За листата на „Грејсноут“ се сметаат резултатите од последните четири сезони, од мечевите во домашното првенство и во купот, како и од средбите во Европа
Реал Мадрид е европски фудбалски првак, трипати по ред и вкупно 13 пати, но на листата на „Грејсноут“, Барселона е водечки клуб во Европа, според најновите податоци, јави „Би-би-си“. Ливерпул, финалистот на Лигата на шампионите...
Британка која има повеќе пари од кралицата Елизабета, а никој не слушнал за неа
На најновата листа со најбогатите луѓе во Велика Британија, која ја објави Сандеј тајмс, се појави една жена која има неброено многу пари, а никој не слушнал за неа.
За јавноста малку познатата пејачка и композиторка Кирсти Берталели (46) е трета најбогата жена во Британија, која има повеќе пари од кралицата Елизабета Втора, Адел и Џ. К. Роулинг заедно, пишува...
Без натурализиран кошаркар против Швајцарија
Селекторот на македонската репрезентација Јорданчо Давитков го објави списокот со кошаркари што во јуни на гости ќе го одиграат последниот меч од првата квалификациска фаза за пласман на Европското првенство во 2021 година со Швајцарија. По трите претходни победи црвено-жолтите можат да си дозволат и минимален пораз за пласман во следната фаза. На првиот собир на 11 јуни повикани...
Македонија и Косово ќе потпишат 15 нови договори
Владите на Македонија и на Косово наскоро треба да одржат заедничка седница, на која се очекува да бидат потпишани 15 нови меѓудржавни договори, пренесе МИА.
Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај за „Епока е Ре“ изјави дека со договорите се предвидува соработка во областа на правото, безбедноста, здравството и економијата.
Аналитичарите Блерим Река и Имер Мушколај во изјава за весникот ја поздравиле иницијативата...
Голови, погодоци, затресени мрежи…
Првиот гол на светските првенства (СП) во фудбал го постигна Лисиен Лорен (Франција) на мечот на СП 1930 помеѓу Франција и Мексико (4-1) одигран на 13 јули 1930 година. Оттогаш почна и броењето за разни статистички категории, па, така, најмногу голови на едно СП постигна Жист Фонтен (Франција), 13 на СП 1958 во Шведска, единствен со хет-трик во финале...
Ангеловски: Главен збор ќе имаат Германија, Шпанија, Бразил и Аргентина
Што се однесува, пак, до мојот фаворит на ова СП во Русија, би сакал Хрватска да дотурка што е можно подалеку, вели Игор Ангеловски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација
Германија, Шпанија, Бразил и Аргентина се репрезентативната фудбалска четворка што и на претстојното Светско првенство (СП) во Русија, според мене, ќе го има главниот збор околу борбата за највисокиот пласман. Што...
Почнува летното сметање на времето на паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“
Од утре започнува летното сметање на времето на паркиралиштата, информираат од ЈП „Градски паркинг-Скопје“.
Како што се наведува во соопштението, работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од 7 до 23 часот од понеделник до сабота.
Во недела паркирањето е бесплатно во текот на целиот ден.
Филмот снимен по идеја на Живко Здравковски на фестивал во Златибор
Документарниот филм „250 скали“, работен по идеја на македонскиот новинар Живко Здравковски, а посветен на кошаркарските светски шампиони, ќе го отвори Седмиот меѓународен фестивал на спортски филм на Златибор во четврток (7 јуни). Според најавата на организаторите, специјални награди на фестивалот ќе добијат бројни врвни спортски имиња од просторите на поранешна Југославија (Душан Ивковиќ, Драгослав Шекуларац, Дејан Станковиќ, Ивица...
ЈП „ПОЦ“ во акција против непрописното паркираните возила
Службите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, од вчера на терен почнаа да вршат зајакнати контроли на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.
Екипите на ЈП ПОЦ секојдневно ќе ги санкционираат сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на паркиралиштата со цел да се реши проблемот со нeправилното паркирање и сообраќајниот метеж во Општина Центар.
Во текот на вчерашниот ден...







































