Поднесени над 2.800 барања за субвенции за велосипед до Град Скопје
Од објавувањето на јавниот повик до денеска до Град Скопје поднесени се 2.860 барања за субвенции за купување на велосипед, а според предвидениот буџет за оваа намена преостануваат средства за уште околу 300 барања, информираат од Град Скопје.
Средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари...
Русија воведе безвизен режим за фановите на СП
Русија од денеска воведува безвизен режим за сите странски државјани кои ќе дојдат да присуствуваат на фудбалскиот Мундијал.
Заинтересираните навивачи ќе можат да го користат првото на повеќекратен безвизен влез во Русија од 4 јуни до 25 јули кога ќе треба да ја напуштат земјата.
Светското првенство во Русија ќе се одржи во 11 градови на 12 стадиони од 14 јуни...
Ќе му ставам крај на собраќајниот хаос
Политиколог по професија, 33-годишниот Саша Богдановиќ, е еден од најмладите политичари во земјава, кој на последните локални избори ја доби довербата од центарци. Без влакна на јазикот говори дека во минатото прекуноќ се менувале ДУП-ови, а со тоа се уништувала животната средина за сегашните и за идните генерации. Во разговорот за „Нова Македонија“ најавува крај на сообраќајниот хаос во...
Младите од Македонија се лидери во несамостојност
Околу 74 отсто од младите во Македонија, на возраст од 18 до 34 години, сѐ уште живеат во примарното семејство, односно со родителите. Оваа бројка ги сместува младите од Македонија меѓу најнесамостојните во Европа
Средната возраст на која луѓето во Европа почнуваат да живеат самостојно е 26 години, но има сериозни разлики меѓу одделните земји. Во текот на 2017 година,...
Секоја бела мачка не е албино
Разликата меѓу албино и белата мачка најлесно се забележува по бојата на очите
Бојата е еден од главните критериуми при изборот на домашен миленик, но за некои од нив се поврзани голем број предрасуди. На пример, дека сите бели мачки се глуви, а црните носат несреќа и слично.
Се проценува дека во светот има околу 600 милиони мачки, вклучувајќи ги бездомните...
Нивоата на природните езера повисоки од вообичаено
Водостоите на трите природни езера и на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за јуни, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Исклучок се Крива Река на мерното место кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун.
Нивото на Охридското Езеро е за 24 сантиметри повисоко од просечното за...
Премиера на вториот документарен филм „Соколана нашата гордост“
Вториот документарен филм „Соколана нашата гордост“ од новинарот, Марјан Стошевски, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде промовиран пред пошироката јавност во Занаетскиот дом во Куманово. Филмот ги прикажува спортските турнири кои се одржале во овој објект од 1947 до 1977 година.
- Во Соколана играле значајни личности од кошарката од поранешна Југославија, тука се удрени темелите на кошарката...
Прескокнување на појадокот може да предизвика многу непријатен проблем
Добро е познато дека појадокот е најважниот оброк во денот бидејќи на тој начин го поттикнувате метаболизмот и ја давата потребната енергија на телото.
Многумина и покрај тоа сепак не појадуваат од различни причини, но можеби тоа ќе го променат кога ќе дознаат дека токму тоа е причината за непријатен здив.
Според Дејли Маил, прескокнувањето на појадокот во устата остава бактериии...
Само фудбалот може да запре половина планета
„Убавата игра“, како што го нарече фудбалот Бразилецот Пеле, за да стигне до денешниот лик, се развиваше неколку милениуми, играта имаше разни
форми и имиња. Денес СП е најголемиот светски собир на натпреварувачи од еден спорт, играта полна со страст и со емоции привлекува до 3,5 милијарди гледачи, трофејот е најпосакуваниот пехар во светот, настапот и триумфот на глобалниот собир...
Роналдо може да се израмни и со Пеле
Пеле, Зелер и Клосе се единствените што постигнале голови на четири светски првенства, а Роналдо досега по еднаш тресеше мрежи на СП во 2006, 2010 и во 2014 година
Португалецот Кристијано Роналдо, меѓу другите, со само еден гол на фудбалското Светско првенство во Русија може да се израмни со славниот Бразилец Пеле, како и со германските голгетери Мирослав Клосе и...







































