Одбележани 17 години од загинувањето на 6 припадници на тетовскиот гарнизон
Во тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ се одбележаа 17 години од загинувањето на припадниците на Армијата и гарнизонот во Тетово на 5-ти јуни 2001 кои беа убиени во заседа на патот Шипковица-Гајре. На спомен плочата во касарната каде се испишани нивните имиња се положија букети цвеќе.
-Животот на браникот на татковината ги дадоа Исак Руфати, Николче Китанов, Пеце Матичевски, Влатко...
Евакуирано основно училиште во Берлин поради „закана“
Германската полиција денеска соопшти дека спровела евакуација во учениците и вработените во едно основно училиште во Берлин, поради „закана“.
Во полициското соопштение објавено на Твитер се посочува дека училштето во берлинската населба Гезундбрунен е блокирано од полицијата и дека во тек е проверка на објектот.
Засега не се соопштени повеќе информации за целиот случај, како ни детали за природата на „заканата“....
Шилегов: Град Скопје нема ингеренции во дислоцирање на дивоградбите
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска изјави дека Град Скопје нема ингеренции во дислоцирање на дивоградбите и оти согласно легислативата таа надлежност е на општина Центар.
- Очекувам дека соодветните органи во соодветни постапки ќе ги донесат решенијата и согласно нив понатаму ќе биде статусот на тие дивоградби - рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање на глобалното одбележување на 5...
Стручното образование и стопанството треба да се во спрега
Договорот за соработка што го потпишавме со шесте големи компании, „Макстил“, „Ванхол“, „Арцерол Митал“, цементарницата „Усје“, „Раде Кончар“ и „Виталија“, е голем успех за стопанството, за учениците и нивните семејства, за целото општество, вели директорот Пејовски
Педесет и седум од 80 ученици што од септември ќе изберат да учат според наставната програма на средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје,...
Мавраганис: Скопје денес е мала државичка, но утре не се знае
Скопје денес е мала државичка, но утре не се знае, е еден од аргументите на заменик министерот за транспорт и врски на Грција, Никос Мавраганис, зошто партијата во која што членува, Независни Грци, останува на позицијата против сложено име со терминот Македонија.
Во интервју за радиото „Практорио фм“ на грчката новинска агенција АНА-МПА, Маврајанис го повторува ставот дека партијата –...
Вартоломеј и Јеронимос разговарале за МПЦ-ОА
Македонската православна црква и црковното прашање биле едни од темите за кои, вчера во Атина, разговарале поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
- За време на средбата беше разговарано за прашањата што се однесуваат на црквата на Скопје, барањето автокефалност од црквата на Украина, а ги споменаа и двајцата грчки војници, кои се во притвор...
Уапсени 13 лица под сомнение за местење тениски натпревари во Белгија
Белгиската полицијата уапсила 13 лица, под сомнеж дека местеле професионални тениски натпревари во Белгија.
Властите се сомневаат дека белгиско-ерменски криминални банди се обидувале од 2014 да местат натпревари од понизок ранг, каде натпреварите ретко се снимаат.
За сега не е објавено ниту едно име на професионални тенисери инволвирани во овој случај.
Бркањето рокови е стратегиска грешка
Наметнатиот спор за името од страна на Грција деновиве е во фаза на исчекување на најавениот телефонски разговор меѓу премиерите на двете држави. Во меѓувреме се појавија информации дека дошло до застој во преговорите, односно, според мислењето на аналитичарите, давање време во кое ќе се убедат опозициите во двете земји да го прифатат евентуалното решение.
Поранешниот дипломат Ристо Никовски вели...
Спречен план за напад врз Нетанјаху и градоначалникот на Ерусалим
Израелската безбедносна служба Шин Бет денеска соопшти дека спречила напад врз премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и врз градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.
Според Шин Бет, нападот чија директна цел биле премиерот и ерусалимскиот градоначалник, бил подготвен и организиран од Сирија.
Во врска со нападот се уапсени неколку лица, кои преку Јордан тајно пристигнале во Израел и требало да...
Прибе: Владеење на правото е императив за реформите во Македонија
Немам детален увид во она што се случуваше, што е направено во текот на изминатите две години по однос двата извештаја што ги изготвивме како експертска група, оние од 2015 и од минатата година. Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија укажува на значаен напредок во одредени области, но постојат и доста области каде уште мора многу да се...







































