ОБСЕ го поддржува напредокот на Македонија на домашен и меѓународен план
ОБСЕ ги подржува напорите на Македонија за демократски развој и напредокот на домашен и меѓународен план. Ова на премиерот Зоран Заев му го пренел директорот на одделот на словачкото МНР, Роберт Кирнаг, одговорен за подготовка со претседателството со ОБСЕ во 2019 година.
На средбата во Скопје, како што информира владината прес-служба, се разговарало за приоритетите што се важни за развојот на Македонија...
Албанија ја зајакна контролата на границата со Грција поради мигрантите
Албанската гранична полиција ги зајакна контролите долж границата со Грција, поради зачестените обиди за влез на илегални мигранти.
- Зголемен е бројот на патролите во подрачјето на Девол, каде во последно време се почеста е појавата на влез на мигранти од блискоисточните земји, кои од Грција, преку зелениот појас, преминуваат на албанска територија - соопшти полициски претставник.
Според истиот извор, мигрантите...
Белград не го прифаќа американскиот план за Косово
Претседателот на Одборот за Косово и Метохија во српскиот парламент, Милован Дрецун, вели дека постои огромен јаз меѓу Србите и Албанците, а помирувањето на двата народа, кое е неопходно, не може да го прават луѓе како Рамуш Харадинај.
- Тоа што САД бараат од Србија да ја признае самопрогласената држава Косово и да го отвори патот за нејзино членство во...
Роналдо бара 75 милиони евра годишно да остане во Реал
Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо побара шестгодишен договор со Реал Мадрид и зголемување на приходите на 75 милиони евра по сезона како услов за останување во клубот, објави шпанска „Кадена Копе“.
Португалецот има договор со тројниот европски шампион до 2021 година, но веднаш по победата над Ливерпул (3: 1) во финалето на Лигата на Шампионите, тој најави можност да...
ДЗС: Пад на цените на угостителските услуги во мај
Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на претходниот месец бележат намалување за 0,1 отсто, а за периодот јануари - мај 2018 годна во однос на тој период лани бележат зголемување за 1,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во
групите храна за 0,1 отсто, алкохолни пијалаци за 0,1...
Недостигот од сезонски работници го загрозува туризмот
Работата на келнерите на скалата на општествената прифатливост се наоѓа многу ниско, а за тоа придонесува и нехуманиот однос на хрватските работодавци
Иднината на хрватскиот туризам, кој учествува со 20 отсто во БДП, е загрозена поради недостиг од работна сила и намалениот број сезонски работници. Десетици илјади луѓе секоја година заминуваат во странство, а сезонските работници од Славонија се одлучуваат...
Велосипедистот Андреј Петровски победник на меѓународната трка во Црна Гора
Велосипедистот Андреј Петровски е победник на меѓународната трка во Црна Гора која се оддржа изминатиов викенд.
На трката која што се возеше во категоријата Елит велосипедистите возеа во две етапи со вкупна должина од 230 км (2х115км), а учествуваа 17 велосипедски екипи со над стотина велосипедисти од вкупно 12 држави меѓу кои покрај домаќинот Црна гора и од Англија, Холандија,...
Шарп ќе го обновува компјутерскиот оддел на Тошиба
Јапонската компанија Шарп најави дека ќе го купи веќе замреното одделение за производство на персонални компјутери на Тошиба за 36 милиони долари.
Тошиба се повлече од овој сегмент на бизнисот пред осум години. Фоксон го купи Шарп во 2016 година, за 3,5 милијарди долари, и оттогаш компанијата располага со нови ресурси за навлегување на пазарот на информатичката технологија.
Освен планот...
Правата за престој на истополовите сопружници ќе важат секаде во ЕУ
Европскиот суд на правдата пресуди дека концептот „сопружник“ во смисол на правото на ЕУ за слободен престој на Европејци и членови на нивните семејства, ги опфаќа и сопружниците од ист пол.
И покрај тоа што се слободни да дозволуваат или не дозволуваат истополови бракови, државите во ЕУ не можат да ја ограничуваат слободата на престој на европски граѓани, со тоа...
Новите костими за капење на Келвин Клајн
Брендовите од цел свет се подготвуваат за летната сезона и постојано ги промовираат своите нови колекции костими за капење. Еден од нив е и Келвин Клајн.
Познатиот моден бренд на инстаграм ги објави своите нови парчиња облека со класични дезени, но и, како како што се вели во описот, редизајнирани со модерни уметнички детали.
Меѓу новитетите, има едноделен костим во темно-сина...







































