Путин: Очекувам санкциите кон Русија да бидат укинати
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува постепено укинување на западните економски санкции кон Русија и нормализација на односите меѓу Москва и Западот, јави ДПА.
- Сегашните санкции против Русија, ниту нė изненадуваат, ниту нė плашат - вели Путин во интервју за кинеската државна телевизија, објавено во пресрет на неговата посета на Кина.
Тој во интервјуто оценува дека овие санкции „постепено...
Шесто издание на „Виолин-фест“
На 12 јуни во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот ќе се одржи шестото издание на фестивалот на млади виолинисти „Виолин-фест“. На ревијалниот концерт и оваа година ќе настапат млади и талентирани виолинисти од музичките училишта од Скопје, Штип, Кочани, Прилеп и Косово, како и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата ќе бидат...
Спасени 23 рудари по експлозија во рудник во Кина каде загинаа 11 лица
Спасувачи извлекоа 23 рудари кои беа затрупани по експлозија во рудник за железо во северочниот дел на Кина, соопшти кинеското Министерство за вонредни ситуации.
Во експлозијата загинале 11 лица, а во тек е потрага по уште двајца рудари чија судбина е неизвесна.
Инцидентот се случил на влезот од рудникот кога избувнале експлозивите што се доставувале во окното.
Почнува „Година на есејот“ во Струга
Дванаесеттата меѓународна литературна манифестација „Година на есејот“, која ја организира медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ - Струга, ќе се одржи на 7, 8 и 9 јуни во Струга и во Охрид. Управниот одбор на Медитеранската академија донесе одлука годинашен лауреат на признанието „Академија на Медитеранот‘‘ за 2018 година, да биде современиот писател и есеист од Романија, академик Јон Деаконеску.
Манифестацијата годинава...
Јеронимос: Прашања како што е името не се решаваат со протести
Грчкиот архиепископ Јеронимос смета дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решава со протести.
За разлика од протестот во Атина пред четири месеци, кога Грчката православна црква го поддржа собирот и учествуваше со три претставници, сега грчкиот архиепископ вели дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со протести.
- Позицијата на црквата е...
Катастрофи (2): Поплава
- Симни се! Вардар го сруши дрвеното мовчеее! - се слуша оддолу, од улицата. Есента 62’ во Скопје се случува поплава и тој со другарите Оцко, Моте и Воне секој час трча кон кејот за да види со свои очи колку надошол Вардар во меѓувреме. А реката постојано расте - ги искачува насипите, го урнува мовчето, потоа со дебели...
Скопје доби Музеј на илузии
Во Скопје денеска ќе биде отворен Музеј на илузии кој ќе придонесе за зголемување на забавните содржини на градот, но и несомнено ќе биде место каде покрај домашните гости интерес ќе пронајдат и странските туристи.
Пред присутните на отворањето ќе се обратат Благица Илиќ, ПР на Музејот на илузии и директорот на Агенција за промоција на туризмот Љупчо Јаневски
Предвидено е заедничко...
Кипар погоден од големо невреме (Видео)
Големо олујно невреме го погоди во понеделникот планинскиот венец Тродос на Кипар, проследено со град со големина на орев.
Градот за само неколку минути на патиштата формираше слој мраз во висина од седум сантиметри, а температурата за неколку минути падна од 20 Целзиусови степени на само пет степени.
Невремето ја уништи овогодишната жетва, а локалното население побарало помош од државата бидејќи...
Суспендирано членството на Венецуела во ОАС
Организацијата на американски држави (ОАС) денеска усвои резолуција со која почнува процес за суспензија на членството на Венецуела во оваа организација со 34 членови.
На состанокот на Генералното собрание на ОАС во Вашингтон, 19 членки гласале за суспензија, четири против, а 11 биле воздржани.
Македонско-грчка клацкалка
За почеток ќе се послужам (ќе ја „злоупотребам“) мојата јазична професија. Клацкалка е збор што произлегува од глаголот клацка. Според „Толковниот речник на македонскиот јазик“ (том втори, стр. 525, Скопје 2005) клацка означува: 1. се ниша, се клати, тресе, се гега, се движи ваму-таму. Ќе наведам неколку нови значења од зборов во мојот Охрид (сум го чул и во...







































