Во Скопје денеска ќе биде отворен Музеј на илузии кој ќе придонесе за зголемување на забавните содржини на градот, но и несомнено ќе биде место каде покрај домашните гости интерес ќе пронајдат и странските туристи.

Пред присутните на отворањето ќе се обратат Благица Илиќ, ПР на Музејот на илузии и директорот на Агенција за промоција на туризмот Љупчо Јаневски

Предвидено е заедничко разгледување на Музејот, а како што велат организаторите нудат „ незаборавно визуелно и сензуално искуство на погрешно толкувана перцепција, која нуди многу забава низ трите ката проткаена во мноштво соби и галериски експонати“.

Музејот се наоѓа на  улица Максим Горки бр. 10, Скопје, спроти швајцарска Амбасада. 

Музејот ќе работи секој работен ден од 8 до 20 часот, а за време на викендите од девет часот до 20 часот. За домашни и странски посетители цената на влезницата е 300 денари, за деца до 12 години 200, а ќе има и билети за организирани ученички и за фамилијарни посети.