Тер Штеген разочаран од одлуката да не биде прв голман во репрезентацијата
Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, изрази жалење поради губењето на местото во првиот состав на германската фудбалска репрезентација.
На претстојното Светското првенство, прва опција на голманската позиција кај „панцерите“ ќе биде Мануел Нојер, кој ја пропушти речиси цела минатата сезона поради повреда.
-Кога ја играте целата сезона на највисоко ниво, овој развој на настани не може да ве радува. Но,...
Над 100 илјади Кинези ќе отпатуваат на СП
И покрај тоа што нивната репрезентација не обезбеди учество, повеќе од 100.000 Кинези ќе одат во Русија во живо да ги проследат натпреварите на Светското првенство во 2018 година.
Според „Глобал тајмс“ бројот на кинески туристи кои ќе ја посетат Русија од јануари до јули оваа година се очекува да се зголеми за 50% во споредба со истиот период минатата...
Промоција на стихозбирката „Допирот на времето“ од Моника Стојанова
Стихозбирката „Допирот на времето“ од Моника Стојанова ќе биде промовирана вечер од 20 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“.
Тоа е прва поетска книга на младата авторка, која досега има објавено пет прозни дела. Збирката содржи творби напишани во строгите поетски форми сонети и сонетен венец.
Рецензент и промотор на делото е проф. д-р Кристина Николовска од Катедрата за...
Дуелисти (Црвената и Сивата Вратоврска)
Очекував Црвената и Сивата Вратоврска нешто да гугнат посуштински за Името, за геноцидот што ни е подготвен. Да. Но, за жал, и двете Вратоврски едноставно, иако промрморија нешто немушто, ја одбегнаа оваа тема. Кукавички, се разбира
Дуел. Туѓизам. Нашински, двобој. Сепак. Со тој поим беше означен ТВ-дуелот Заев - Мицковски. Нешто ќе кажам за тоа, драг читателу, се надевам малку...
Фото: Руски сувенири за Мундијалот
Меѓу сувенирите со мотиви поврзани со Светското првенство во Русија неколку се издвојуваат по нивната впечатливост.
На полиците од сувенирниците се појавија фигури со претседателот на Русија, Владимир Путин, насликан како фудбалски судија.
Исто така, продавачите очекуваат добра продажба од серијата фабержеови јајца направена за овој Мундијал, како и од неизбежните матрјошки, но овојпат фудбалски.
За време на Светското првенство локалните угостители...
Макрон: Разговорите со Трамп се како виршли
Францускиот претседател Емануел Макрон одби да ги коментира информациите на Си Ен Ен дека „телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Емануел Макрон за американските царини бил ужасен“.
- Никогаш не сум раскажувал што се случува зад кулисите. Затоа што, како што кажал Бизмарк, ако им објасниме на луѓето од што се прават виршлите, не е сигурно дека ќе...
Завршни зборови на судењето за нападот врз Села
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на претеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Случајот треба да продолжи со завршни зборови на двете страни, откако на претходното заврши доказната постапка.
Претседател на судечкиот совет е судијката Славица Андреевска.
За случувањата на 27 април...
МНР: Македонските државјани да ги избегнуваат местата на протестите во Грција
Министерството за надворешни работи упати предупредување до македонските државјани кои денеска планираат да патуваат во Грција да ги избегнуваат местата на одржување на најавените протести за „грчкиот карактер на Македонија“ во 14 поголеми градови во северниот дел од државата заради потенцијална можност од нивна ескалација.
- Се информираат граѓаните на Република Македонија кои денеска, ќе бидат или планираат да патуваат...
Куршум врз новинарството
Рускиот новинар Аркадиј Бабченко со помош на украинските разузнавачки служби успеа на холивудски начин да го лажира своето убиство и да го измами светот. Се тврди дека целата контроверзна операција била за добра кауза. Од Киев нагласуваат дека лажираното убиство им овозможило да го спречат вистински нарачаното убиство на новинарот, да го најдат нарачателот, но и да откријат листа...
Четкар ќе гостува во најпопуларното аргетинско шоу Дискорама
Популарното аргентинско радио шоу Дискорама овој петок дел од емисијата ќе посвети на музиката на Владимир Четкар.
Дискорама се емитува секој петок во 22 часот на фрекфенцијата на Радио Култура од Буенос Аирес (http://www.fmradiocultura.com.ar/ ).
Во предходните две изданија на Дискорама гости беа популарниот Британски Асид Џез состав Инкогнито како и Ники Сиано, легендарниот њујоршки диџеј и резидент во дискотеката...







































