За перење пари обвинети вдовицата и синот на Пабло Ескобар
Аргентински суд покрена обвиненија против вдовицата и синот на починатиот колумбиски наркобос Пабло Ескобар.
Судот ги товари вдовицата на Ескобар, Марија Изабел Сантос Кабаљеро и неговиот син Хуан Себастијан Марокин Сантос, кои живеат во Аргентина, за перење пари од шверц на дрога.
Дел од нивните сметки се замрзнати, но Судот сепак реши да не им одреди мерка притвор и да им...
Продолжува судењето за „Насилство во Центар“
Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ е закажано за денеска во Кривичниот суд.
Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.
На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни....
(Видео) За детска порнографија уапсени 11 лица во САД
Вкупно 11 лица, меѓу кои има вработени во Дизни и Лего, се уапсени на Флорида поради поседување и дистрибуција на детска порнографија, соопшти локалната полиција.
Осомничените се обвинети по 660 точки во рамките на операцијата „Чувари на невиност 2“, која има за цел да ги открие лицата кои поседуваат, рекламираат или шират детска порнографија, соопшти полицијата на округот Полк.
Меѓу запленетите...
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира. УВ индексот ќе изнесува 7.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната температура од 20 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе...
Меси: Мораме да бидеме посилни како тим
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси наведе дека на неговата репрезентација многу малку ѝ недостасува да биде на нивото на Франција, Германија, Бразил и Шпанија.
Меси со Барселона ги има освоено сите титули, но според познавачите на фудбалот му недостига трофејот од Светското првенство за да биде сметан за најдобар фудбалер во светот.
- Не сметам дека сум најдобар, туку само еден од фудбалерите....
Администраторите на фан-страниците не смеат повеќе да се кријат зад Фејсбук
Европскиот Суд за правда (ЕСП) во одлука донесена за германски случај на повреда на приватноста на Фејсбук оцени дека администраторите на фан-страниците на Фејсбук се исто така одговорни за заштитата на личните податоци на корисниците како и социјалната мрежа.
Случајот се однесува на германска образовна компанија која преку својата фан-страница на социјалната мрежа собирала податоци за корисниците преку зачувуање „колачиња“,...
Баварија планира чартер-летови за одбиени азиланти
Баварија планира да употреби свои чартер-летови за депортирање одбиени баратели за азил во време кога се ближат изборите наесен во таа конзервативна јужна германска сојузна држава.
Гувернерот Маркус Седер вели дека тие летови се една од бројните мерки со цел забрзување на процесот за азил што ќе почне од август. Тој изјави дека Баварија ќе направи и седум големи кампови...
Трамп и Ким Јонг-ун ќе се сретнат во луксузниот хотел „Капела“
Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ќе се сретнат на 12 јуни во луксузниот хотел „Капела“ на островот Сентоса во Сингапур, соопшти Белата куќа.
Делот од градот каде се наоѓа Министерството за надворешни работи, американската амбасада и неколку хотели, Сингапур денеска ги прогласи за заштитена зона од 10 до 14 јуни.
Во таа зона е вклучен и островот...
Македонците во Албанија го одбележаа патронот на манастирот кај Елбасан
Во селото Шијон, кај албанскиот град Елбасан денес беше одбележан патронот на манастирот „Св. Јован Владимир“, каде што се верува дека пред векови започнала православната вера на овие простори.
-Како и секоја година и овој пат на одбележувањето на патронот беа Македонци од повеќе делови на Албанија, како и православни верници од Македонија и од Албанија, пишува весникот „Илинден“.
Во написот...
Шареноликоста на кинеските гробишта за велосипеди
Кинеските градови се соочуваат со голем број на отфрлени велосипеди, воглавно од страна на компаниите кои ги изнајмуваат популарните превозни средства во најмногубројната светска држава.
Оставените велосипеди честопати ги блокираат улиците, тротоарите и пешачките зони, со што кинеските власти се принудени да ги собираат и складираат на отпад.
Купиштата велосипеди, собрани на површина со големина како фудбалско игралиште, оддалеку наликуваат на...







































