Марко Чекинато – од суспензија до сензација
Италијанскиот тенисер Марко Чекинато доби суспензија поради наводно местење на мечеви, која подоцна беше поништена, истата 2016 година кога Новак Ѓоковиќ го освои својот последен, 12-ти гранслем-трофеј, на „Ролан Гарос“.
А токму Чекинато, денеска приреди сензација, елиминирајќи го Ѓоковиќ во четврт-финалето на гранслем-турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, со резултат 6-3, 7-6, 1-6, 7-6 по сетови, по голема борба.
Чекинато, кој моментно...
Разводот создаде сериски убиец што сееше смрт низ Феникс
Познатиот форензички психолог Стивен Пит (59) беше застрелан пред неговата канцеларија, среде бел ден, во четвртокот. Велерија Шарп (48) и Лора Андерсон (49) беа застрелани во адвокатската канцеларија во која работат, следниот ден. Потоа и психологот Маршал Левин (72) беше пронајден убиен во неговата канцеларија. Убиствата се случија во рок од два дена, во Скотсдејл, предградието на Феникс во...
Потврденa затворската казна за убиецот на охриѓанецот Матилоски
Бојан Угреновиќ, државјанин на Република Србија, денеска во рамки на повторениот судски процес повторно беше прогласен виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски.
Судскиот совет пред Основниот суд во Охрид, каде се одвиваше повтореното судење на обвинетиот му изрече казна од 16 години затвор, во која е пресметано и времето што осомничениот го мина во притвор.
Првото судење за убиството пред...
Путин: Санкциите кон Русија најмногу штета нанесоа на иницијаторите
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Виена изјави дека санкциите наметнати врз Москва, нанеле штета на двете страни, а „особено оние што ги иницираа".
На заедничката прес-конференција со австрискиот претседател Александер ван дер Белен, Путин рече дека сите политички мотивирани рестрикции и протекционизам не водат кон конечно решение и нанесуваат штета на сите страни.
Тој додаде дека Русија се соочила со...
САД бараат од НАТО да се подготви за евентуален напад од Русија?
САД вршат притисок врз своите сојузници да подготват дополнителни баталјони за НАТО, како и бродови и авиони заради спречување на евентуален напад од Русија, тврдат неименувани функционери, пренесува ФЕНА.
Американскиот државен секретар Џим Матис ќе побара широк консензус за време на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, кој ќе се одржи в четврток во Брисел, како подготовка за Самитот...
УЕФА го казни Буфон поради расправијата со судијата Оливер
Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон е казнет со суспензија од три натпревари во Лигата на Шампионите поради црвениот картон што го доби на реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Дисциплинската комисија на УЕФА ја оцени како недолична реакцијата на голманот, кој му се нафрли на судијата Мајкл Оливер, откако досуди пенал за Реал Мадрид во судиското продолжение...
Прифатен акцискиот план за проектот „Зајакнување на дневните болници“
Владата на Република Македонија на денешната 71. седница донесе одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги БАУМЕР ДООЕЛ Скопје, кое ќе произведува софистицирана мерна опрема и која, како дел од својата инвестиција ќе организира развојно истражувачки центар.
Како што соопшти Владината прес-служба, министрите во Владата денеска донесоа одлука за...
Вајнстин се држи до својата приказна, соочувајќи се со затвор
Холивудскиот филмски продуцент Харви Вајнстин (66) се изјасни за невин во врска со обвинувањата за силување и сексуален напад, пред судот во Њујорк, пренесува Би-би-си.
Тој се соочува со максимална затворска казна од 25 години, ако биде осуден за кое било од обвинувањата, кои се поврзани со две жени.
Вајнстин и претходно, преку својот адвокат, порача оти никогаш немал сексуален однос...
Приштина плаќа пенали за фирмата која го гради автопатот Приштина-Скопје
Косовската влада издвои дополнителни 53 милиони евра за фирмата „Бехтел Енка“, кој ги изведува работите на изградбата на автопатот Приштина-Скопје, на име пенали поради неизвршување на обврските од страна на претходната Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерот за Инфраструктура на Косово, Паљ Лекај, на денешната владина седница, изјави дека, поради ненавременото плаќање на сметките од страна на претходната...
Поддржани измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање
Собраниската комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, во прво читање, поднесен од пратеници од владеачкото мнозинство, и со шест гласови „за“ и три „против“ заклучи дека е прифатлив и оти треба да се даде на натамошно читање.
Со предлогот, како што истакна...







































