Гонзалес: Не е важно кој е фаворит, важно е кој ќе одигра подобро
Македонската машка ракометна репрезентација ја почна мисијата „Романија“. Селекторот Раул Гонзалес ги собра најдобрите репрезентативци на подготовки за бараж-дуелите со селекцијата на Романија, кои носат пласман на Светското првенство во 2019 година во Германија и во Данска. Првиот меч се игра в недела (20.30 часот) во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а реваншот е три дена подоцна во...
Крушевскиот вселенски брод меѓу најчудните градби во светот
На списокот на „Архитектура и дизајн“ крушевскиот споменик е рангиран на 4-то место. На првото е зградата позната како „Потеклото на жирафата“ што се наоѓа во Париз, Франција. Тука се и „Дубајската рамка“, „Атомиумот“ во Брисел, индиската „Риба“, кинеската „Ванда“ и др.
Споменикот „Илинден“ или познат како „Македониум“ се најде меѓу десетте најчудни или најуникатни градби во светот на листата...
Антонио Милошоски на Фејсбук: Во четврток или петок ќе се сретнат Заев и Ципрас
Поранешниот Министер за надворешни работи Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил пишува дека средбата помеѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се случи овој четврток или петок.
Премиерите на двете страни се водржани околу коментарите на тоа дали постои договор, дали е постигнат компромис за можно име, меѓутоа во јавоста и од македонска и од грчка страна излегуваат можни предлози...
Може ли новиот првак да влезе и во „перфектниот“ клуб?
На минатите 20 мундијали светски фудбалски прваци само со победи станале Уругвај (1930) и Италија (1938) по еднаш и Бразил двапати (1970 и 2002)
Од идната недела во Русија почнува трката за вредниот трофеј за светскиот фудбалски првак, но и обидот новиот шампион да влезе во елитен клуб, во кој засега се само три репрезентации. Бразил двапати, а по еднаш...
Награда за документарецот „Со љубов“ на Цветковски во Париз
Во амфитеатарот на „Иналко“ на Сорбона во Париз се одржа церемонијата на доделувањето на наградите со што се заокружи осмото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа „Сее а Париз“. Од оваа година фестивалот е под покровителството на Министерството за култура на Франција.
За време на фестивалските денови пред париската публика се презентираа играни, кратки, документарни и анимирани...
Предавање на Бојан Манчев во МСУ
Во рамките на програмата на Критичкото преиспитување на правото вечерва, во 19.30 часот, во Музејот на современата уметност ќе се одржи предавање на Бојан Манчев, со наслов „Формата на човекот. Политичка свитливост и економија на формите на живот“. Отворачката перспектива за предавањето ќе биде политичка херменевтика на класичната трагедија. Во вториот дел од предавањето Бојан Манчев ќе направи остро...
Дутерте: Ќе поднесам оставка ако многу жени ја потпишат петицијата против мене
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се бранеше од нападите откако бакнал мажена жена Филипинка во Јужна Кореја и нагласи дека ќе поднесе оставка доколку доволно жени ја потпишат петицијата со која се бара негова оставка.
Дутерте, кој за време на посетата на Јужна Кореја ја бакна во устата Филипинката која таму работи, рече дека со својот потег имал намера само да...
Нова книга на Георги Старделов
Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат најновата книга на академик Георги Старделов, „Критика на деморализираниот ум“, посветена на истакнатиот македонски писател Владимир Костов. На 165 страници оваа книга содржи тринаесет секвенции за литературата и филозофијата во романескниот опус на Владимир Костов.
Оценувајќи дека „на страниците на литературата на Владимир Костов се води отворен дијалог со нашето време“, Старделов...
Промоција на нова книга на Јовица Ивановски
„Остави ме да си доиграм“ е насловот на новата четиринаесетта по ред, книга поезија на Јовица Ивановски, која во издание на „Или-или“ вечерва во 20 часот ќе биде промовирана во Младинскиот културен центар - Клуб-ресторан.
За книгата ќе зборува Соња Стојменска-Елзесер, а песни ќе читаат актерите: Петар Арсовски, Драгана Костадиновска и Јовица Михајловски.







































