Мали и големи… рејтинзи и митинзи

Од СДСМ, посебно Зоран Заев, имаат простор за задоволство од рејтингот од околу 24 проценти. Зоран Заев целосно го консолидира лидерството во СДСМ, и ако не толку одамна на рејтинзите ги имаше Бранко Црвенковски, Стевчо Јакимовски, Стево Пендаровски, сега целата доверба е концентрирана во него. И добрите вести завршуваат тука Минатата седмица беа објавени партиски рејтинзи и се одржа митингот...

Пописот да биде статистичка, а не политичка операција

Ако можеле некогашните власти, штотуку излезени од шумите, само три години по завршувањето на војната и во услови кога дури немало ни кадар што соодветно можел да одговори на задачите, да го организираат и спроведат првиот попис на населението во 1948 година, зошто во денешни услови не би можело да се организира попис за две години. Особено кога се...

Тачи: Меѓуетничките односи се добри, но сепак загрижуваат малубројните инциденти

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека Косово забележало виден напредок во градењето на добри меѓуетнички односи меѓу сите заедници на Косово, но дека „загрижуваат и оние малубројни етнички мотивирани инциденти“, кои се случија последниве денови, јавува дописникот на МИА од Приштина. Тачи на својот официјален профил на Фејсбук вчера напиша дека „толеранцијата била, е и ќе остане доблест на косовското...

Ни претстои исклучително топло и сушно време

Не очекува потопло лето во кое температурите, според најавите од синоптичарите, ќе ги надминат многугодишните просеци во некои делови и за над три степени. Особено отсапувања ќе има во текот на јуни. Според прогнозите, се очекуваат и периоди со исклучително топло и сушно време. Врнежите летово ќе бидат во рамки на просекот.  - Во целиот југоисточен регион на Европа температурите...

Ново судско рочиште за „Труст“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во...

На онкологија нема да се плаќа партиципација за прегледи и лабараторија

Министерството за здравство ги демантира информациите дека ќе се плаќа партиципација за преглед и лабораторија на пациентите на онкологија. Од Министерството за здравство посочуваат дека ослободувањето од партиципација е регулирано со  Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија за 2018 година, според која  се што е...

Путин ќе одговара на прашања на граѓаните преку „Директна линија“

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска во 12 часот попладне, ќе одговара на прашања на граѓани во рамки на редовната годишна програма Директна линија, за која до вчера до 12 часот по московско време, пристигнале повеќе од милион и 385 .000 прашања. Најголем прашања пристигнале преку телефон – 803.135, СМС – 317.000 додека преку ММС има повеќе од 31.500 прашања. Околу 144.000...

Сончево време со температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 10 до 17, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 27 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со...

Заев: Македонија е едно семејство на сложни граѓани од различни вери

Премиерот Зоран Заев вечерва организираше ифтарска вечера во честа на светиот месец Рамазан, за претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и за пратениците, за членови на Владата и за советниците на премиерот и неговите надворешни соработници и за градоначалниците, припадниците на исламската вероисповед, како и за поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи. Посакувајќи им добродојде на ифтарот, премиерот...

Четириесет и шест Етиопјани се удавија на пат кон Јемен, 16 се водат за исчезнати

Четириесет и шест Етиопјани се удавија на пат кон Јемен, а 16 се водат за исчезнати откако криумчарскиот брод со кој се превезувале се превртел во морето рано изутринава, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Бродот тргнал вчера од Босасо, Сомалија. На него имало 100 лица, 83 мажи и 17 жени, кои заминале за да бараат работа во странство.