„Македонија е грчка“ порачаа Грците
Мирно и според очекувањата завршија протестите во Грција „за одбрана на името Македонија и грчкиот карактер на Македонија“. На плоштадот во градот Пела, до споменикот на Александар Велики, се одржа централниот собир, на кој се собраа илјадници граѓани, со грчки знамиња и пораки дека Македонија е грчка. На присутните им се обратија претставници на организаторите, но и свештени лица...
Невремето во Франција зема уште две жртви
Силната бура, која зафати голем дел од Франција, продолжи и денеска, а во поплавите загинаа уште две лица.
Откако вчера 37-годишен маж се удави во својот автомобил, денеска 90-годишна жена почина во Монморијон од срцева слабост, најверојатно додека се обидувала да ја исфрли водата од поплавената куќа. Телото на една 80-годишна жена беше пронајдено во надојдена река во област која...
Мичел: САД водат тивка дипломатија во решавање на спорот со името
Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, изјави дека САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
- Неодамна зазедовме заеднички став не само за Србија и Косово, туку работиме и на БиХ, на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција. Како што напоменав, дел од нашиот тим во...
Во Албанија ќе се гради центар за повратници од ИД
Во Албанија ќе се гради центар за повратници од ИД од балкански држави, објавија албански медиуми.
Информацијата ја соопштил бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција посветена на насилниот ектремизам, одржана во Тирана со поддршка на јорданскиот крал.
- Во Албанија ќе се изгради центар за координација на повратници од ИД од балканските земји. За тоа предложив секоја држава да испрати по...
Жозе Мурињо со прогноза за осминафиналето на Светското
Жозе Мурињо ја даде својата прогноза за групната фаза на Светското првенство. Португалецот јасно вели дека навива за своите и дека очекува успех, но смета дека тие не би можеле да бидат пред Шпанците во групата Б, иако се очекува дека двете репрезентации лесно ќе се справат против Мароко и Иран.
Во групата А, Мурињо смета дека Уругвај имаше најдобар...
Иран им даде рок од неколку недели на европските партнери за нуклеарниот договор
Иран веќе нема во целост да соработува со инспекторите за атомска енергија додека не се реши застојот во врска со нуклеарниот договор на таа држава со светските сили, соопшти денеска во Виена Реза Наџафи, пратеник на Иран во МААЕ.
Тој нагласи дека трпението на Техеран да се спаси договорот со европски напори, не е неограничено и дека им дале рок од неколку...
Почнаа протестите низ Грција за „одбрана на Македонија“
Со грчки знамиња и слогани дека Македонија е грчка, Грците во 24 градови низ целата земја, организирани од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ се собираат на протести за да го изразат нивното незадоволство од последните случувања во македонско-грчките односи, но и за да дадат, како што повикаа организаторите, „уште една битка за грчкиот карактер на Македонија“.
Карактеристиката...
Пожар во луксузен хотел во центарот на Лондон
Околу 100 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот кој изби во хотелот Мандарин Ориентал во центарот на Лондон.
Пожарот е пријавен околу 16 часот по локално време. Улиците околу 12-катниот хотел се затворени, а на местото на настанот има возила за брза помош, како и 15 противпожарникарски возила. Во моментов пожарникарите го пребаруваат хотелот, во случај некој од гостите или...
Земјите членки на ЕУ со ограничена цена на повици и СМС пораки
Во Европската унија е постигнат договор за ограничување на максималните трошоци за телефонски повици и СМС пораки меѓу земјите-членки.
Европската комисија и националните влади се согласија да ги ограничат цените на телефонските разговори во ЕУ на 19 центи за минута, а текстуалните пораки на шест центи. Договорот беше постигнат денеска, по 12 часа разговори.
Андрус Ансип, потпретседател на Комисијата задолжен за...
Додека точел гориво на бензиска, му го украле автомобилот
Дваесет и осумгодишен штипјанец пријавил во полиција дека додека точел гориво на бензинската пумпа, непознато лице му го одзело автомобилот „Опел Астра“.
Сторителот користејќи згодна прилика со клучот кој бил на бравата, го ставил возилото во погон и заминал во непознат правец. По преземени мерки околу 14.50 часот на место викано „Ѓубриште“ во Велес од страна на полициски службници од...






































