Иран веќе нема во целост  да соработува  со инспекторите за атомска енергија додека не се реши застојот во врска со нуклеарниот договор на таа држава со светските сили, соопшти денеска во Виена Реза Наџафи, пратеник на Иран во МААЕ.

Тој нагласи дека трпението на Техеран да се спаси договорот со европски напори, не е неограничено и дека им дале рок од неколку недели на Германија, Франција и на Британија тоа да го сторат.

– Неколку недели значи неколку недели, а не неколку месеци – изјави Наџафи.

Тој го отфрли повикот на МААЕ Техеран да вложи дополнителни напори во соработката со инспекторите на агенцијата.

– Иако застојот поради договорот продолжува, никој не треба да очекува Иран да примени дополнителни доброволни мерки – изјави тој.