Кодовите остануваат МК и МКД, на регистерските таблички ќе стои НМК

Кодовите на интернет и секаде каде што е предвидена нивната упототреба ќе останат МК и МКД, а на регистерските таблички ќе стои НМК, појасни премиерот Зоран Заев вечерва на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања и прецизирајќи ги деталите околу договореното со Грција и за тоа како сето тоа би се променувало и практично и како временски би течел процесот. -На...

Турската жандармерија уапсила 202 нелегални мигранти во округот Одрин

Турската жандармерија уапсила 202 илегални мигранти во северозападниот дел на турската област Одрин, соопшти извор од безбедносните сили. Мигрантите се притворени во областите на градовите Орхание, Боснакјои, Ипсала, Узункопру и Мерич. Бегалците биле граѓани на Сирија, Пакистан, Либија, Алжир, Палестина, Ирак, Иран, Мароко и Сомалија. Мигрантите се предадени на локалната Дирекција за миграција.   

Договорот меѓу Атина и Скопје, главна вест во светските медиуми

Атина и Скопје постигнаа договор за името „Република Северна Македонија“, ја пренесуваат западните медиуми со назнака „breaking news“ веста дека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се согласиле за решение на спорот кој повеќе од две децении ги нарушуваше односите меѓу двете земји. Ја наведуваат изјавата на Ципрас дадена на средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос,...

Пуштен во употреба гасоводот ТАНАП

Претседателите на Турција и Азербејџан, Реџеп Тајип Ердоган и Илхам Алиев денеска на свечена церемонија во турскиот град Ескишехир го пуштија во употреба „Трансанадолскиот гасовод“. Покрај, Ердоган и Алиев, на церемонијата присуствуваа и шефови на држави или влади од повеќе земји, кои би требало да се снабдуваат со природен гас преку ТАНАП, меѓу кои и претседателите на Србија и Украина,...

На Крит откриени 15 плантажи со канабис

При акција на островот Крит, грчката полиција откри 15 плантажи со насади од канабис, јави ДПА.  Акцијата во која учествувале припадници на специјалната полиција и еден полициски хеликоптер, била спроведена во планинските предели во близина на летувалиштето Ретимно.  Оваа полициска акција следува откако минатата недела полицијата на Крит уапси три лица под обвинение за одгледување канабис. По Албанија, Грција е втор најголем...

Република Северна Македонија е исходот од договорот Заев-Ципрас

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција истакна дека е постигнат историски договор со Грција и е постигнато решение на 25-годишниот спор со Грција. Република Северна Македонија е решението, новото име за севкупна употреба кое  ќе се прецизира со амандман во Уставот -Доаѓа подобро време за Р. Македонија. Шансата е тука и мора да се искористи, храбро и смело. Се осмеливме затоа...

Димитров утре ќе го информира Иванов за договорот за името

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов утре ќе оствари средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во врска со договорот постигнат за спорот за името. Од Кабинетот на претседателот Иванов информираат дека кај нив е пристигнато барањето за средба од Министерството за надворешни работи и оти средбата ќе се одржи утре во 10 часот.

Нормализиран сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица

Магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица кај селото Истибања е нормализиран во 18:10 часот, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на овој пат беше во прекин од 17:10 часот и пренасочен по споредните патишта

Заложничка криза во Париз

Маж, кој тврди дека е вооружен, држи како заложници две лица во една канцеларија во центарот на Париз, соопшти попледнево француската полиција, нагласувајќи дека засега нема индиции оти станува зброр за терористички чин. Полицијата го блокирало реонот околу местото на заложничката криза и прави напори за ослободување на заложниците. Електронското издание не весникот „Паризиен“ тврди дека киднаперот бил вооружен со бомба...

Ципрас: Постигнавме историски договор

Атина и Скопје постигнаа историски договор за решавање на дводеценискиот спор околу името, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас. - Носам добри вести. Пред малку стигнавме до договор со премиерот на поранешната југословенска Република Македонија - му рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на претседателот Прокопис Павлопулос на почетокот на нивната средба во претседателската палата за да го извести за постигнатиот...