Москва смета дека средбата меѓу Трамп и Ким е позитивен настан
Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур е позитивен настан, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Самиот факт дека средбата се одржала, е позитивен - изјави Лавров за РИА Новости.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја оценува како позитивна изјавата на Трамп по средбата дека воени вежби (со Јужна Кореја)...
Заев го информирал Мицкоски за договорот со Грција
Премиерот Зоран Заев попладнево разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека премиерот Заев го информирал Мицкоски за она што, како што се наведуваат, го постигнал како решение со Грција.
Ставот на опозициската партија, лидерот на партијата Мицкоски ќе го соопшти на прес-конференција која ќе се одржи доцна попладнево.
Грчки владин претставник: Постигнат е договор
Постигнат е договор меѓу двете земји вели претставник на грчката Влада, пренесе МИА.
Според истите извори Грција смета дека договорот ги исполнува грчките предуслови за ерга омнес име.
Кусо по 18 часот по локално време започна средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со претседателот на државата Прокопис Павлопулос. Веднаш потоа грчкиот премиер ќе ги извести лидерите на политичките партии, а потоа...
Магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица кај Истибања во прекин
Магистралниот пат Кочани - Македонска Каменица кај селото Истибања од 17.10 часот е во прекин.
Авто мото сојузот на Македонија попладнево соопшти дека сообраќајот се пренасочува по споредните патишта.
Заврши телефонскиот разговор Заев – Ципрас, се чекаат детали
Заврши телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Од Владата на Република Македонија соопштија дека во 18:30 часот на прес-конференција ќе се обрати премиерот Заев во врска со договорот за спорот со името со Грција. Како што се наведува во информацијата од Владата, на прес-конференција ќе присуствуваат и министрите.
Грчките медиуми пренесуваат дека во...
Харадинај пријавил дека поседува имот вреден милион евра
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во Антикорупциската агенција пријавил недвижен имот во вредност од околу еден милион евра, како и пари во готово и годишни приходи во висина од околу 90.000 евра.
Според пријавата за имотната состојба на Харадинај, тој на свое име поседува станбен објект во вредност од 300.000 евра, земја во вредност од 27.000 евра, куќа вредна 202.000 евра...
Судењето за „Монструм“ продолжува на 25 јуни
Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 25 јуни, откако на денешното рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро.
Сведоците на денешното рочиште останаа на своите искази дадени претходно пред истражен судија. Тие потврдија дека на критичниот ден биле на Смилковското езеро, каде често оделе да рибарат, и...
Сомнителна прашкаста материја пронајдена во кафеана
При претрес на угостителски објект во гостиварското село Неготино ноќеска се пронајдени девет најлонски ќесички со остатоци од прашкаста материја и една чинија со траги од истата материја.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар и Полициското одделение Галате извршиле претрес во угостителски објект во село Неготино, Гостиварско, сопственост на...
Кривична за охриѓанец, се обидел да силува малолетна девојка
Кривична пријава е покрената против охриѓанец поради обид за силување на малолетна девојка.
СВР-Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Т. (33) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.
Тој, казненото дело го сторил на 2 јуни околу 1 часот на улица „Славеј Планина“ во Охрид. Следел 16-годишна девојка и пред нејзиниот влез силно...
Вработен во обложувалница во Кочани „затаил“ околу милион денари дневен промет
Во полицијата е пријавено кривично дело „затајување“ извршено од вработен во спортска обложувалница во Кочани.
Според пријавата, на 4-ти месецов работникот во обложувалницата паричните средства од дневниот промет во износ од 967.611 денари, наместо да ги уплати на сметка на друштвото ги затаил. Наредниот ден не ги отворил обложувалниците и не ги предал во владение клучевите од просториите на сопствениците,...







































