Милан основаше женски фудбалски тим
Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан на својата официјална веб-страница го објави создавањето на женски фудбалски тим.
За оваа цел „росо-нерите“ ја купија лиценцата на клубот Бреша и со тоа се стекнаа со право за настап во женската серија А.
Бреша во својата историја два пати ја освои Серија А, а три пати победи на Купот на Италија.
Мината година сличен потег направи и...
ЕЛЕМ: ТЕ Осломеј ќе се исклучи, се вклучува Блок 2 во РЕК Битола
Термоелектраната Осломеј ќе се исклучи и на нејзино место ќе го вклучи Блок 2 во РЕК Битола, информира АД ЕЛЕМ.
- И покрај тоа што дефектот на системот за водено отпепелување е отстранет и ТЕ Осломеј може да работи по сите еколошки стандарди, раководството на АД ЕЛЕМ одлучи да го запре производството на електрична енергија во електраната, имајќи ја предвид...
До крајот на неделава променливо време со температури до 36 степени
До крајот на денов ќе се задржи топло време со температура до 36 степени, а попладнево и утре се очекува нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.
Нестабилноста најпрвин ќе биде во западните делови, а потоа претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и...
Пороен дожд во Лозана, улиците поплавени за 10 минути
Големо невреме го погоди ноќеска швајцарскиот град Лозана и околината, донесувајќи вода до коленици на улиците, поплавени продавници и куќи, но за среќа никој не е повреден.
Според метеоролозите, 4,1 сантиметар дожд наврнал за 10 минути, што е нов швајцарски рекорд, пренесе АП.
Манчевски: Опозицијата го кочи законот за медиуми
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски апелира собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, со која претседава ВМРО-ДПМНЕ, да работи без престан и секојдневно се додека не заврши амандманската расправа за Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и ја повикува опозицијата да заборави на тесните партиски игри и да го стави интересот на граѓаните на...
Кристијан Лубутен го доби спорот за црвениот ѓон
Познатиот моден дизајнер на чевли Кристијан Лубутен, чии високи потпетици со црвен ѓон се светски познати, го доби спорот пред Европскиот суд на правдата.
Францускиот дизајнер сакаше да спречи холандска модна фирма „Ван Харен“ да комерцијализира свој бренд чевли со црвен ѓон.
Според европското законодавство, фирмите не смеат да ја заштитат „формата“ на производите како сопственост, што беше главниот аргумент на...
Шилегов: Скопје ќе добие 30 нови еколошки автобуси
До крајот на оваа година очекувам да завршат постапките за набавка на 30 нови еколошки автобуси кои работат на гас, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Тој учествуваше на италијанско-македонскиот бизнис форум „Инвестициски проекти и можности во секторот транспорт, енергетика и животна средина во Македонија“.
Шилегов говореше за инвестициите и проектите кои Градот Скопје ги реализира и проектира во повеќе сектори,...
Македонија дел од шестата Меѓународна уметничка колонија „Збор во каменот”
Во местото Повљана, на островот Паг во Хрватска заврши шестата Меѓународна уметничка колонија „ Збор во каменот“ („ Ријечу камену“) на која во ликовниот дел со изложба и изработка на две платна учествуваше уметничкото и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје. Во поетскиот дел учествуваше Веле Митаноски од Охрид, член на Културниот центар „Бран“ од Струга.
Манифестацијата ја организираше Хрватското книжевно...
Почна реконструкцијата на улицата Капиштец
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска соопшти дека почнува комплетната реконструкција на улицата „Капиштец“ на Водно.
- На улицата „Капиштец“ ќе се изгради нова атмосферска канализација во должина од 260 метри. Со ова го решаваме големиот проблем со собирање на атмосферските води, кои се приклучуваат на новоизградената атмосферска канализација на улицата „Питу Гули“.Со овој проект ќе се намали можноста...
Чепурин: Можно е Русија подлабоко да се вклучи во косовскиот проблем
Постои можност Русија „уште подлабоко се вклучи“ во решавањето на косовскиот проблем, доколку се појават такви предлози, наведува рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин, во авторскиот текст за весникот Политика, по повод Денот на државноста на Русија.
- Нашиот став е неизменет-го поддржуваме она решение кое Србија и српскиот народ ќе го сметаат прифатливо за себе. Поаѓаме од тоа,...






































