Денови на македонската фотографија повторно во Тетово
Во „Галерија“ се изложени 101 фотографија од 43 автори
Во Тетово, по пауза од 23 години, викендов беа отворени 56-те едноподруго, Денови на македонската фотографија. Во „Галерија“ во стариот турски амам, се изложени 101 фотографија од 43 автори. Наградените фотографии се поделени во три категории. Првата награда за поединечна фотографија во сениорска конкуренција му припадна на фотографот Драги Неделчевски од...
Грчки медиуми: Северна Македонија е новото име, македонски јазик и македонски идентитет остануваат
Република Северна Македонија ерга омнес, со македонски јазик и идентитет е она што го содржи договорот што треба да го потпишат Македонија и Грција, според информациите на грчкото радио „247“ и новинарите кои открија детали од решението.
Конкретно, грчките новинари објавија дека во договорот:
- Се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот...
Театарската критика е насушна потреба за театарот
На 53. МТФ „Војдан Чернодрински“ е одржана трибина во соработка со „Гледај.мк“
„Критиката му е потребна на театарот. Потребно е ново промислување на театарот, бидејќи недостига критичко гледање“. Ова се некои од ставовите изнесени на јавната трибина „Театарската критика денес“, што се одржа во рамките на 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, а која беше резултат на соработката меѓу „Гледај.мк“,...
Формирањето војска е во завршна фаза
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај не се откажува од идејата за формирање на косовската војска и очекува дека ќе биде формирана во текот на оваа година.
- Годинава Косово ќе добие војска. Мина доста време, но тоа не е изгубено време, за време на овој период војската ја доби довербата од сите страни, дури и од Србите од Косово. Има млади...
Царовска: Има поголем интерес да се згрижи милениче, отколку дете
Тимјаник вчера покажа дека на македонското население му треба едукација. Природно е да се плашите од нешто што не го знаете. Не се откажуваме и ако треба уште 100 или 200 пати ќе се вратиме таму, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
На брифинг со новинарите во седиштето на УНИЦЕФ во Скопје, Царовска порача дека...
Грчкиот парламент во боите на виножитото
Под слоганот „Присутна“, илјадници граѓани, припадници и поддржувачи на ЛГБТ-заедницата, претставници на политички партии и на дипломатските претставништва во Грција, маршираа низ улиците на Атина на 14-та традиционална Парада на гордоста.
Во боите на виножитото беше обоен центарот на Атина, а првпат оваа година и грчкиот парламент ја поддржа парадата и еден дел од објектот беше осветлен со знамето симбол...
ЕУ: Целта останува „неповратна денуклеаризација” на Корејскиот полуостров
Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, беше „клучен и неопходен чекор" кон мирот на Корејскиот Полуостров, каде што целта е целосна денуклеаризација, рече шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
- Крајната цел, останува целосна, и неповратна денуклеаризација на Корејскиот полуостров- наведе Могерини.
- Заедничката изјава потпишана од лидерите на САД и на...
Цената на дизелот ги блокира српските сообраќајници
Протестите на возачите поради високите цени на горивото, пред сѐ на дизелот, беа повод за нова политичка пресметка меѓу власта и опозицијата
Возачите во Србија, кои се незадоволни од цената на горивото, трет ден по ред блокираат одделни патни правци во земјата. Вчера во Белград имаше делумна блокада на кружниот тек на Славија, а протестот на возачите траеше два часа....
Ибрахимовиќ ги кажа своите фаворити за победник на Мундијалот
Поранешниот напаѓач на Шведска, Златан Ибрахимовиќ го сподели своето мислење за фаворитите на Светското првенство кое в четрвток почнува во Русија.
- Според мене Бразил, Шпанија, Германија и, се разбира, Шведска се фаворити за титулата. Исто така, Аргентина, иако тие самите не се сметаат за фаворити, но јасно е дека се. Жал ми е што на Светското првенство нема да...
Италијанските компании заинтересирани за инфраструктурни проекти во Македонија
Интересот за инвестирање во Македонија расте и е се поголем поради големото пријателство, европскиот манир, реформите кои се случуваат во нашата држава и перспективите кои ги обезбедуваме. Верувам дека целиот интерес на крајот ќе се преточи во унапредување на квалитетот на живот на нашите граѓаните, од аспект на економија, инфраструктура, енергетика и од секаков вид перспективи кои ги очекуваата...







































