Нова ера во односите помеѓу САД и Северна Кореја

Клучното прашање е на какви отстапки е подготвен севернокорејскиот лидер и дали ќе се придржува до евентуалните ветувања. Сепак, САД не ни очекуваат дека во Сингапур ќе биде постигнат конечен договор. Трамп го опиша самитот како ситуација за запознавање и порача дека разговорите ќе бидат процес Севернокорејските државни медиуми пренесуваат дека изолираната азиска земја би можела да воспостави нов однос...

Флекенштајн: ЕУ да започне преговори со Македонија

Европратеникот Кнут Флекенштајн ги повика лидерите на ЕУ да отворат преговори со Македонија и Албанија на јунскиот Самит. - Мора да биде јасно дека треба да делуваме во Македонија, има нов ветер таму, договорот со Бугарија го илустрира тоа, мораме да го поддржиме она што го направија Ципрас и Заев, а направија суштински напори да го решат спорот за името...

Се онесвести сведок на „Монструм“, прекинато судењето

Со сослушување на сведок во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Монструм“ на СЈО. Судијата Огнен Ставрев и Фатиме Фетаи од СЈО  го испрашуваа сведокот Ахмет Беќир.  По еден час испрашување од судијата Огнен Ставрев и Фатиме Фетаи од СЈО на сведокот Ахмет Беќир му се слоши и се онесвести, по што судењето беше прекинато.  Сведокот Беќир пред Судот кажа...

Заев: Иванов да помага, а не да одмага

Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а секако јас како премиер и Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме, изјави денеска премиерот Зоран Заев по отворањето на Бизнис форумот-инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Република Македонија. Одговарајќи на новинарско прашање за соопштението од претседателот...

Заев: Штом ќе има договор, јавноста ќе ги дознае деталите

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува во денешниот телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас да бидат заокружени сите апекти и да биде постигнат договор за долгогодишниот спор за името. - Вчера имавме навистина квалитетно унапредување на разговорите. Се надевам дека денеска ќе можеме нешто убаво да и соопштиме на јавноста. Реков дека сум оптимист и оти е возможно...

Бродот „Аквариус“ на „Ес-о-ес Медитеран“ собра 692 мигранти

По Италија, и Малта потврди дека нема да го прифати бродот на француската невладина организација, кој пренесува над 600 мигранти и веќе неколку дена плови во Средоземно Море. Бродот „Аквариус“ на организацијата „Ес-о-ес Медитеран“ собра 692 мигранти во шест спасувачки операции во Средоземно Море ноќта помеѓу саботата и неделата. Италијанските медиуми пренесуваат дека во моментот бродот плови меѓу Малта...

Преку кредитирање до подобро земјоделство и рурален развој

Кредитирањето во земјоделството е неопходно не само за краткорочно финансиско јакнење на производителите, туку и за подобрување на капацитетите, нови инвестиции, зголемување на продуктивноста, модернизирање и примена на нови технологии. Тоа е и еден од најважните фактори за развој на руралните области и задржување на жителите таму, како и за подигнување на квалитетот и количината на земјоделските производи, беше...

Трамп не запира со критиките за најблиските американски сојузници

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со острите критики до најблиските сојузници на САД, по завршувањето на самитот на Г7 во Канада. Трамп порача дека САД ги плаќаат речиси сите трошоци на НАТО за заштита на земјите што на трговски план „ја ограбуваат“ Америка. - Тие плаќаат само мал дел од трошоците и се смеат. ЕУ треба да плати многу повеќе...

Вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“ настапуваат Театар Комедија и Aлбанскиот театар

Петти ден од 53-то издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Во официјалната програма програмата вечерва се настапите на Театарот Комедија од 19.30 со претставата „Дони Дарк“ во режија на Роберт Ристов и Албанскиот театар од 22.00 часот со „Жените“ во режија на Ќендрим Ријани. На полноќ во придружната програма Драмскиот театар ќе ја прикаже „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева. Инаку,...

Девет повредени откако комбе влета во продавница во Приштина

Девет лица се повредени кога комбе, под засега неутврдени околности, утрово излетало од патот и влетало во продавница во Приштина. Сите повредени се пренесени во Универзитетската клиника. На местото на настанот се излезени полициски екипи кои работат на утврдување на околностите кои доведоа до несреќата. Возачот на комбето е приведен на испитување во станица и со него ќе се постапува согласно препораките...