СВР Битола поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Битола против 36-годишниот М.Ѓ. од Битола, поради сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво во обид“, пренесе МИА.
Според информациите од полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу еден часот по полноќ, а при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол.
Како што се наведува во пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 година околу 18.10 часот се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола. Со закана со огнено оружје се обидел да го изврши делото, но не успеал и побегнал од местото.



































