Турската жандармерија уапсила 202 илегални мигранти во северозападниот дел на турската област Одрин, соопшти извор од безбедносните сили.

Мигрантите се притворени во областите на градовите Орхание, Боснакјои, Ипсала, Узункопру и Мерич.

Бегалците биле граѓани на Сирија, Пакистан, Либија, Алжир, Палестина, Ирак, Иран, Мароко и Сомалија.

Мигрантите се предадени на локалната Дирекција за миграција.