Сончево и топло време

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени,bа дневната температура од 23 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје слично време со утринската температура...

Една жртва во невреме во Грац

Едно лице загина во невремето што вечерва зафати делови на Австрија, јавија локалните медиуми. Во градскиот парк во Грац гранка од дрво паднала врз еден човек и го усмртила, информира претставник на противпожарната служба во градот. Невремето во Австрија било проследено со обилни врнежи и силен ветар.

Дел од жителите од Припор утре без вода

Корисниците од населбата Припор утре од 10 до 16 часот ќе имаат прекин во  водоснабдувањето.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради  вградување „ЦМЦ“ регулатори на улицата „Христо Татарчев“ без број во населбата Припор, кај хотелот „Најс“. Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Коле Неделковски“ бр.46, утре од 10 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од улиците...

Мицотакис: Договорот е лош, го повикувам Ципрас да не го потпише

Решението што е договорено е лош договор и е спротивно на ставот на мнозинството Грци, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјава за постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција. Мицотакис повторно го обвини грчкиот премиер дека нема политички легитимитет и дека води тајна дипломатија и го повика да не го потпише договорот. - За суштината на договорот и...

Киднаперот во Париз е уапсен, заложниците се ослободени

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Колон на Твитер објави дека киднаперот во Париз е уапсен, а заложниците се ослободени. Колон ова го објави околу четири часа откако заложниците беа блокирани во една зграда во центарот на Париз. Нема информациja кои биле мотивите на киднаперот, ниту пак има податоци дека се работи за тероризам. Зградата на улицата „Птит Екјори“ била опколена од...

Заев: Прашањето за македонското малцинство ќе биде уредено согласно европската пракса

Начинот на промена на членот 49 од Уставот е унифицирање со европската пракса за тоа како се води грижа за дијаспората, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конеференцијата на која го најави договореното за спорот за името со Грција. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали договорот содржи одредба со која се  отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон...

Социјалдемократите во ЕП бараат преговори за Македонија

Шефот на Социјалдемократската група во Европарламентот, Удо Булман порача дека лидерите на Европската Унија на Самитот на ЕУ закажан на 28 и 29 јуни треба да дадат зелено светло за почеток на преговори со Македонија. - Денешниот успех е доказ дека прогресивните политички сили се способни да решат долгогодишни спорови и да прават тешки компромиси, кои националистичките конзервативни сили не...

Вајгл: Отворен патот за членство во ЕУ и НАТО

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл поздравувајќи го договорот постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас истакнува дека се отвара патот за членство на Македонија (Република Северна Македонија) во ЕУ и НАТО. - Договорот постигнат од страна на двајцата премиери на двете соседни држави Грција и Македонија го отвора патот за подобрени и попродуктивни односи и дава...

Мицкоски: За ВМРО-ДПМНЕ договорот е „капитулација“

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го откажа патувањето и закажаните средби за утре и побара од премиерот Зоран Заев веднаш да му го достави договорот со Грција за решавање на спорот за името. - Најпрво не беше за промена на Уставот, потоа прифати географска одредница за подоцна да ја убеди македонската јавност дека со промена на Устававот и решението...

Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ги поздрави двајцата премиери за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето на историскиoт договор. - Овој успех им припаѓа на лидерите на двете земји и нивните екипи, но пред сѐ на граѓаните на двете земји, и на Европа. Преговарачкиот процес, под водство на ОН, и медијацијата на Нимиц, и силната поддршка...