Заев и Димитров до Иванов: Никој нема право да ја попречува македонската иднина
Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаа средба со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на која го доставија договорот за решение за спорот којшто Република Грција го имаше со Република Македонија.
Премиерот Заев и министерот Димитров, како што соопшти владината прес-служба, имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот...
Ракување што го менува светот
Во декларацијата по историската средба во Сингапур, Доналд Трамп и Ким Јонг-ун се обврзуваат за нови односи помеѓу САД и Северна Кореја, денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, како и американски безбедносни гаранции за Пјонгјанг
Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, разговараа во Сингапур, каде што потпишаа заедничка декларација. Трамп е првиот актуелен американски претседател што се...
Кацарска и се закани на одбраната на Јанкулоска дека во иднина нема да прифати никакво боледување
На денешното рочиште за “Тенк” поради ризична бременост не беше присутна обвинетата Гордана Јанкулоска. Според мислењето на техничкиот советник на одбраната д-р Татјана Гуржанова, Јанкулоска се наоѓа во 37-та недела од бременоста и поради тоа и е препорачано строго мирување.
Бранителот на обвинетата Гордана Јанкулоска, Сања Арсиќ достави до судот мислење од д-р Гиржанова кое е формирано од извршените прегледи...
Оливера Наковска-Бикова со нов светски рекорд, 571 круг
Во Струга и Охрид се одржаа јубилејните 30. Спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Мобилност Македонија и на Македонскиот параолимписки комитет (ПМОК).
Најзначаен спортски резултат постигна „златната“ параолимпијка од Лондон 2012-та, Оливера Наковска-Бикова, која во дисципината воздушен пиштол „испука“ 571 круг, што е за еден круг подобро од нејзиниот актуелен светски рекорд забележан во...
Болт кажа за кого ќе навива на СП
Некогаш најбрзиот човек на светот, Усеин Болт има свој фаворит за кого ќе навива на Мундијалот во Русија. Спринтерот од Јамајка и осумкратен олимписки шампион е фан на Аргентинците“.
- Јас сум обожавател на Аргентина. Мислам дека имаме добри шанси ако добро играме. Можеме да стигнеме до финалето, па дури и да победиме на турнирот. Со нетрпение очекувам да го...
„Баскерфест“ почна со дефиле на плоштадот „Македонија“
Фестивалот на улични уметници „Баскерфест“, кој се одржува 13-ти пат, во Скопје почна со дефиле на голем број различни уметници од Македонија и од светот. Оваа година се најавени повеќе од 20 точки на изведувачи од различни страни на светот, а посетителите ќе можат интерактивно да се вклучат во настаните. Уличниот фестивал ќе трае шест дена и сите програми...
Дополнителни четири милиони денари за изградба на улици во Кочани
Општина Кочани доби дополнителни четири милиони денари од Буџетот на Република Македонија за изградба и реконструкција на улици.
Парите се обезбедени со Одлуката за распределба на средства од државниот буџет за 2018 година што се наменети поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.
Средствата ќе бидат наменети за изградба на дел од улицата „Блаже Поп Арсов“ и за реконструкција...
Градот избра најубаво уреден двор
Градот ги избра најдобрите на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор од индивидуално домување, колективно домување и институција и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта.
„Греен БСН Македонија ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ е најеколошка компанија, фирма со успешна примена...
Фонтани во Куманово потрошиле 30.000 метри кубни вода
Седум фонтани во централното градско подрачје во Куманово потрошиле 30 илјади кубни метри вода во периодот од март до ноември лани.
Од јавното претпријатие „Водовод“ во Куманово информираат дека оваа вода се смета како загуба.
- Оваа вода не се фактурира и се води како загуба на ЈП „Водовод“, бидејќи согласно законот за методологија на тарифа за цена на вода, секое количество...







































