Договорот со Македонија, главна тема во грчките медиуми

Постигнатиот договор, кој некои во Грција го нарекуваат историски, други проблематичен, од вчера попладне е главна тема во медиумите кај јужниот сосед. Во утринските информативни емисии на грчките телевизии, на порталите, во весниците, новинарите во Грција го анализираат договорот, што доби, а што загуби едната или другата страна, но и кои се придобивките од затворањето на спорот со името. Коментарите се...

Со пари од ЕУ ќе се штитат и ќе се промовираат убавините на Пелистер

Грантот од 260.000 евра, кој деновиве му беше доделен на националниот парк „Пелистер“, е само еден од осумте грантови што беа доделени за големите заштитени подрачја, во износ од четири милиони евра Доволна беше само една кратка прошетка низ патеките на Пелистер за претставничката на УНДП, Луиза Винтон, и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, да ги почувствуваат и да ги...

Нова манипулација или нов тест на издржливост

По предлогот „Илинденска Македонија“, кој пред извесно време го објавија македонските власти, вчера грчките медиуми излегоа со детали од договорот што бил постигнат и според кој е договорено името „Република Северна Македонија“. Од македонска страна нема потврда ниту демант на ваквите пишувања Чекајќи го „клучниот“ телефонски разговор на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, со...

Македонија ќе гради безбеден сајбер простор

Синхронизираност на институциите, холистички пристап во насока да се обезбеди сајбер простор, кој ќе им овозможи на граѓаните на Македонија да уживаат во бенефитите на дигиталната технологија, но и да се заштитат од опасностите, кои со себе ги носи секоја технологија во историјата на човештвото е императивот на Националната стратегија за сајбер безбедност, чија работа верзија денеска беше презентирана...

Кои се вистинските причини за иселувањето

Тезите дека членството во ЕУ ќе го запре бранот иселување се спротивни од искуствата на другите земји што веќе го изоделе тој пат Иселувањето од државата од економски причини заради подобар живот и подобра заработувачка не е нов феномен во Македонија. Печалбарството, иселувањето или миграциите, како што некои истражувачи го нарекуваат овој феномен, низ времето се одвивале со различен интензитет...

Живиот дух во Охрид, наспроти романтичарските желби во Софија

Мора да се истакне дека и покрај тоа што МПЦ-ОА оваа година одбележува 1.000 години од ОА, сепак таа никогаш не се откажала од континуитетот на црковниот живот уште од апостол Павле. Според македонските владици, прославата на 1.000-годишниот јубилеј е чествување на црковната организираност на ОА, а не е откажување од црковното наследство, кое има длабоки корени во Македонија Двете...

Издадена 17. емисија обврзници за денационализација

Државата денеска ја емитуваше седумнаесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 5 милиони евра, соопшти Министерството за финансии. Со 17-та емисија на обврзниците за денационализација опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 1.2.2017 година до 31.1.2018 година со кои како надомест се даваат обврзници. Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со...

Весели: Договорот меѓу Македонија и Грција извонредна вест за целиот регион

Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави вчера постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција за прашањето на името, кој го оцени како „охрабрувачки модел“ за соседните народи, јавува дописникот на МИА од Приштина. - Постигнатиот договор за името е извонредна и долгоочекувана вест за мирот и стабилноста во целиот регион. Тој служи како охрабрувачки модел за сите соседни народи,...

Штип „скениран“ од средношколците

Денеска е третиот ден од средношколскиот медиумски камп во Штип, организиран од Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и дневниот весник „Нова Македонија“. Кампот е предвидено да трае до утре, а на него средношколци од цела Македонија ги прават првите чекори во светот на медиумите. Преку предавања, вежби и практична...

Кремљ: Путин беше во право во врска со Северна Кореја

Состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и  севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун покажа дека рускиот претседател Владимир Путин беше во право кога тврдеше дека директникот дијалог е единствен начин да се намалат тензиите со Северна Кореја, изјави денеска портпролот на Кремљ Дмитриј Песков. На прес-конференција рече дека Самитот помогнал да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров, но и дека е погрешно...