„Лето во Македонија“ со „ЈСП-Турс“

„ЈСП-Турс“ почна со реализација на проектот „Лето во Македонија“ за развој и за афирмирање на манастирскиот туризам во државава. Секоја недела, до крајот на летово, „ЈСП-Турс“ ќе организира 12 еднодневни излетнички тури до поголемите манастири низ државава. Турите ќе се реализираат во придружба на лиценциран водич, со високотуристички автобус. Цената на билетите за еднодневните тури е различна според оддалеченоста на манастирите, а...

„Воинот на коњ“ ќе се преименува во Александар Македонски со напомена дека е дел од хеленскиот антички период

Спомениците изградени во рамки на проектот „Скопје 2014“, кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот ќе го добијат тој епитет, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. - „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што вистински е - Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува...

Скопје ќе се претвори во музичка сцена под отворено небо

„Скопје стрит мјузик фестивал 2018“ четири дена ќе го забавува Скопје на седум локации „Скопје стрит мјузик фестивал 2018“ од 21 до 24 јуни ќе овозможи забава за сите љубители на музиката на седум различни локации во градот. Плоштадот „Македонија“, Градскиот парк, ТЦ „Лептокарија“, паркот кај авиончето во Ново Лисиче, плоштадот „Скендербег“, платото пред Универзалната сала и Боемската улица се...

По Шпанија Русите најмногу купуваат станови во Бугарија

Бугарија е на второто место во групата земји што се интересни за руските купувачи на станови во периодот од вториот квартал на 2016 година до првиот квартал на 2018 година, покажуваат податоците на порталот за недвижности Транио, врз основа на пребарувања на рускиот интернет-пребарувач. Во 2016 година Бугарија била најпопуларната дестинација за Русите, кои сакале да купат стан во странство....

Вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“ претставите „Тоалет за дами“ и „Лет над кукавичјото гнездо“

МТФ „Војдан Чернодрински“ влегува во својата завршница. Вечерва е претпоследната вечер во официјална програма, а ќе бидат изведени две претстави. Од 19.30 часот ќе се претстави Велешкиот театар со „Тоалет за дами“ во режија на Деан Дамјановски, додека од 22.00 часот Драмскиот театар Скопје ќе ја изведе „Лет над кукавичјото гнездо“ во режија на Ристо Алексовски. Денес напладне во рамките на...

Исполнети условите за почеток на преговорите со ЕУ

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека Албанија ги завршила зададените обврски и оти е подготвена за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тој нагласи дека сега одлуката зависи од земјите-членки на Унијата, посочувајќи дека неколку од нив го условуваат проширувањето поради „нивни внатрешни дебати“. - Албанија е подготвена за почеток на преговорите, но сѐ зависи од политичката одлука...

Хрватите бегаат од популистичките мерки на власта

Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, беше изложена на критики од сите страни затоа што се обиде да понуди план за запирање на иселувањето Мерките за подобрување на демографската слика на Хрватска, кои се содржани во планот на претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, се популистички и претставуваат убав список на желби, без конкретни временски рокови за нивно реализирање. Ова се критиките што...

Судија на ЕУЛЕКС нападнат со шок-бомба во Приштина

Судија на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС бил нападнат синоќа во Приштина, околу 23 часот, со шок бомба, која кон него ја фрлил непознат сторител, јавува дописникот на МИА од Приштина. Инцидентот се случил во населбата Арбериа. Шок бомбата била фрлена додека поминувал по улица и дека тој не бил повреден. Направата експлодирала, но не била...

Почна судењето во случајот на германскиот „пивски картел“

Во Дизелдорф денеска почна судењето во случајот на пиварниците Карлсберг и Радебергер, кои беа казнети да исплатат над 330 милиони евра поради илегално договарање на цените на пивото. „Пивскиот картел“ бил договорен во 2007 година, и како резултат на овој договор потрошувачите плаќале повисоки, непазарни цени за пиво. Вкупно 11 компании беа опфатени од скандалот, во кој пивницата АБ ИнБев...

Во време на џунгла, изберете дом опкружен со природа

Во време на сообраќаен метеж и урбанистички хаос во главниот град, секој заслужува дом во мирна и урбана средина, каде што може да ужива во динамичното секојдневие. Населбата Криви Дол е една од новите атрактивни локации, која нуди одлични услови за квалитетен живот за целото семејство, а е вистински избор за сите што сакаат да живеат во чиста и зелена...