Лавров: Вашингтон и Пјонгјанг не можат сами да го решат корејското прашање
САД и Северна Кореја веројатно не ќе можат сами да го решат прашањето на Корејскиот Полуостров, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, вреди да се поддржи дијалогот меѓу лидерите на САД и Северна Кореја, бидејќи е многу важно да се решат прашањата помеѓу овие две земји, вклучително и она за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
- Меѓутоа,...
Најавени протести во Атина и Преспа против договорот
„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на протестите низ цела Грција за „одбрана на името Македонија“, преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавува дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишат договорот во Преспа, тие ќе одржат протест, а веројатно тоа ќе биде в сабота.
- Ако Ципрас се обиде да оди во Преспа,...
Средба Заев – Мицкоски попладнево во Владата
Во Владата на Република Македонија попладнево ќе се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Средбата доаѓа по денешната прес-конференција на Мицкоски, на која истакна дека бара итна и неодложна средба со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Заев, за да се разгледаат одредбите од вчерашниот договор меѓу Заев и грчкиот премиер Алескис Ципрас за...
Министерот за внатрешни работи Спасовски во посета на Тетово
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој беше во работна посета на Тетово истакна дека безбедносната состојба на подрачјето е стабилна, а не очекува промени или последици по објавувањето на договорот околу името со Грција.
Тој заедно со заменикот министер Агим Нухиу денес беа во посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, како дел од серијата работни средби низ...
Градежните фирми лани изградиле 2.822 стана, најмногу во скопски регион
Фирмите од градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 28.891.889.000 денари, од кои 10.579.144.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во текот на 2017 година се градени вкупно 2.191 објект, а завршени се вкупно 2.822 станови со вкупна површина од 178.758 метри квадратни од кои 2.764 се во индивидуална сопственост....
Почна пријавувањето за „Скопје трча 10КМ“
Организаторите на трката „Скопје трча 10 км“ соопштија дека од денеска почна пријавувањето на сите кои сакаат да земат учество на овој спортски настан.
- За оние кои ќе бидат најбрзи и ќе се пријават во првите два дена, ќе може да го одберат својот стартен број. На програмата ќе бидат две трки, 10КМ трката и штафетната трка од 2х5КМ...
„Архангел“ – главна ѕвезда на „Д-фестивал“
Главни ѕвезди на годинашниот „Д-фестивал“, кој ќе се одржи од 6 до 8 јули во Дојран, се членовите на групата „Архангел“.
Легендарната рок-група, која е присутна на македонската музичка сцена повеќе од три децении, ќе настапи на 7 јули, кога повеќеилјадната публика ќе може да ги слушне нивните антологиски хитови, кои веќе се дел од нашата музичка историја, а имаа...
Ќе се носи нов закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам
Целта на Предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, кој вчера беше усвоен на владина сеедница, е усогласување со одредбите од четвртата ЕУ Директива за спречување на употребата на финансискиот систем за перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.
- Согласно оваа директива, меѓу другото, се прецизираат и усогласуваат одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и...
„Галичката свадба“ – најтрадиционален фестивал во Европа
Во своето опстојување манифестација придонела за негување на традицијата на жителите од овој крај, за да се зачуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија, наведува магазинот „Нешнал џиографик“
„Галичката свадба“ е најтрадиционален свадбен фестивал во Европа според оцените на магазинот „Нешнал џиографик“.
- Секоја година малата планинска заедница во Македонија ja слави унијата на една специјална двојка - пишува...
Македонско-бугарската турнеја „Една љубов“ почнува од Скопје
Осум града во Македонија и Бугарија беа вклучени во минатогодишната заедничка турнеја „Една љубов“ (One love), чиј дел беа познати хипхоп-ѕвезди од двете држави, која мина одлично кај публиката, докажувајќи дека музиката прави мостови, а не поделби.
Токму затоа „Една љубов“ продолжува и оваа година, но со проширен репертоар, прераснувајќи во фестивал.
Организатор е агенцијата „Иноватива груп“, а дванаесетчасовната богата програма...







































