„Тесла“ ќе отпушти околу 4.000 работници

Производителот на електрични автомобили „Тесла“ соопшти дека ќе отпушти девет проценти од работниците за да се подобри профитабилноста, тврдејќи дека отказите нема да влијаат на најавеното интензивирано производство на новиот Модел 3. - Отказите се составен дел од планот за реструктуирање кој треба да се однесува на вишокот вработени во одредени области на деловното работење во врска со брзиот раст...

Иванов: Нема да легализирам политички дивоградби

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во обраќањето до јавноста рече дека за него постигнатиот договор со Грција е неприфатлив и нема да го поддржи. Претседателот Ѓорге Иванов денеска оцени дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија, дека е лична одлука и одговорност на премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров и дека нема да го потпише. Во ТВ-обраќање до...

Столтенберг: Прво финализирање на договорот, потоа покана за членство во НАТО

НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство, откако ќе го реши спорот за името со Грција и таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат, поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји. Ова го порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во...

Коѕијас: Го решивме спорот со името со Северна Македонија

На прес конференцијата за медиумите во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас одговарајќи на новинарско прашање за името го искористи новото договорено име „Северна Македонија“. Коѕијас рече дека во регионот постои култура луѓето да се караат за имиња. - Надворешната политика на нашата влада е активна, демократска и повеќедимензионална....

Курц: Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ

Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц. Курц нагласи дека гледа јасна перспектива за целиот регион на Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ. На заедничка прес-конференција со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, ...

Мицкоски: Договорот со Грција е капитулација на Република Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево во Владата имаше куса средба со премиерот Зоран Заев кој му го предал договорот за решение за спорот за името. По средбата Мицкоски изјави дека тој и Заев имале куса средба затоа што, како што кажа, целокупната тема била исцрпена во текот на вчерашниот ден и тој немал што да додаде повеќе од она...

Нов веб портал за компаниите полесно да го усогласат работењето со законската регулатива

Од денеска на компаниите им е достапен нов агрегатен веб портал на кој ќе може да се информираат за бизнис регулативата во Македонија и да го усогласат своето работење со законските прописи.  Веб порталот www.biznisregulativa.mk е продукт на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, имплементиран од ЕПИ Центарот во соработка со четирите стопански комори. Според Едвард Гонзалез, директор на...

Ново невреме го зафати Скопје

Силно невреме проследено со пороен дожд и град го зафати попладнево Скопје. Засега нема информации кои делови на градот се најтешко погодени.

Ло­пе­те­ги по стап­ки­те на Мус­лин, Ха­лил­хо­џиќ, Mар­вијк, По­сте­ког­лу

Ло­пе­те­ги до­би отказ два де­на пред дуелот со Португалија на СП по­ра­ди тоа што потпишал до­го­вор сo Ре­ал Ма­дрид, и тој е пет­ти­от се­ле­ктор што пла­си­рал не­ко­ја селек­ци­ја, но не­ма да ја во­ди на СП 2018. Шпан­ски­от фуд­бал­ски се­ле­ктор Ху­лен Ло­пе­те­ги, кој без по­раз ја во­де­ше Шпа­ни­ја послед­ни­те две го­ди­ни, сме­нет е на са­мо два де­на пред дуелот со Португалија...

Меј: Ќе инсистирам да се засилат санкциите против Русија

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека ќе настојува да се засилат санкциите против Русија на средбата на врвот на ЕУ, која треба да се одржи кон крајот на месецот. - Ќе инсистирам да ги задржиме санкциите против Русија. Всушност, мислам дека постојат некои области во кои треба да го зајакнеме режимот на санкции- изјави Меј пред Парламентот. Односите меѓу Велика Британија...