Фото: МВР

Во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв“, утре во Скопје ќе се одржи 14-тото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“.

Во рамки на манифестацијата, со почеток во 09.45 часот ќе стартува велосипедската трка, која ќе започне пред Музеј на град Скопје и ќе се движи по улиците „Св. Кирил и Методиј“, булеварите „Св. Климент Охридски“ и „Мајка Тереза“, потоа по улицата „Тодор Александров“ и локалниот пат кон Средно Водно, сè до врвот на Милениумски крст.

Со почеток во 10.00 часот ќе се одржи и планинарска тура, која ќе стартува пред ООУ „Кочо Рацин“ на булеварот „Мајка Тереза“. Учесниците ќе продолжат по улицата „Тодор Александров“, а кај улицата „Салвадор Аљенде“ ќе се движат по планинската патека кон Средно Водно и Милениумскиот крст.

Поради одржувањето на настанот, СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај, а возилата ќе бидат пренасочувани по околните улици.

Од Министерство за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници за безбедно и непречено одвивање на настанот.