Бројот на баратели на азил во Бугарија намален за трипати
Бројот на мигранти кои побарале азил во Бугарија од почетокот на годината е речиси за трипати помал во споредба со втората половина од 2017 година, јави БТА.
Во првите пет месеци од 2018 година барање за азил во Бугарија поднеле вкупно 492 мигранти, додека во периодот јули-декември минатата година таа бројка изнесувала 1.595 лица.
Според податоците на бугарската Државна агенција за...
Двајца „за“, тројца „против“, или обратно
Деновиве многу од луѓето со кои се среќавам, дали на улица или во продавница, ми го поставуваат истото прашање: „Комшија, што е ова што ни се случува со државава, дали ќе ја изгубиме?“А јас, како што ме дал господ, прост и неук се правам недоветен, па ги прашувам: „Како тоа мислите ќе сме ја изгубеле државата, па јас немам...
Продолжува судењето за „Тендери“
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.
Во овој случај обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.
Според обвиниението дел...
Собранието ќе го ратификува договорот за името со Грција
Договорот за решавање на спорот со името денеска треба да биде ратификуван во рамки на 51. седница на Собранието на Репубика Македонија.
Шефот на дипломатијата Никола Димитров на собраниската седница која започна вчера рече дека Грција согласно договорот, по неговото ратификување во македонскиот Парламент, има обврска да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток...
Мнозинството Италијанци го поддржуваат новиот пристап за миграцискиот проблем
Двајца од тројца анкетирани Италијанци го поддржуваат пристапот на новиот министер за внатрешни работи и вицепремиер на Италија Матео Салвини за решавање на миграцискиот проблем, покажуваат резултати од анкета на јавното мислење.
Поддршка за забраната за бродови со спасени мигранти да влезат во италијанските пристаништа, изразуваат 63 отсто од учесниците во анкетата, а 94 проценти од поддржувачите на Лигата ја поддржуваат...
Сончево и топло време, попладне пороен дожд
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 23 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската...
Евроконтрол: Сѐ почесто ќе доцнат летовите во Европа
Европските аеродроми немаат капацитет да се справат со сѐ поголемиот воздушен сообраќај, и во наредните години и децении треба да се очекуваат сѐ почести доцнења, оценува Евроконтрол.
Евроконтрол, европската организација за воздушна безбедност и контрола на летање, во последниот извештај го вклучува алармот за состојбата со европските аеродроми.
До 2040, бројот на летови во Европа ќе се зголемува за 1,9 отсто...
Мексико: Разделувањето на деца од родителите мигранти е нехумано
Министерот за надворешни работи на Мексико Луис Видегарај изјави денеска дека разделувањето на децата на мигрантите од нивните родители на граница со САД е „сурово и нехумано“ постапување и го повика Вашингтон да ја преиспита својата политика.
Видегарај на прес-конференција рече дека мексиканската влада јасно и го ставила до знаење својот став по тоа прашање на американската страна.
Мексиканската влада за...
Ристовски потпиша за Бенфика
Македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристовски, кој последните две сезони играше во Барселона, потпиша договор со екипата Бенфика и ќе биде голман на тимот од Лисабон. Според португалските медиуми, тој ќе потпише едногодишен договор.
- Доаѓам тука со надеж дека ќе му помогнам на клубот да освои повеќе титули. Бенфика е голем клуб, ми се допадна презентираниот проект. Ги гледав натпреварите...
Русија и Саудиска Арабија бараат од ОПЕК да произведува повеќе нафта
Русија и Саудиска Арабија вршат притисок врз ОПЕК за значително да се зголеми производството на нафта во јули, за да се надомести недостигот на нафта на пазарот предизвикан од намаленото производство во Венецуела и Либија.
Сепак, Иран и други производители на нафта, се спротиставуваат на барањата на Русите и Саудијците.
- ПОбарувачката за нафта вообичаено забрзано расте во третиот квартал од...







































