Автомобили што некогаш го собориле рекордот за брзина

Не долго по произведувањето на првиот моторизиран автомобил, поставени се и првите рекорди за брзината на возилата. Од раните години на парните машини, па до индустриската револуција и времето на џет-моторите, производителите се бореле да стигнат до титулата за најбрзо возило на светот и произведувале автомобили за таа намена. Возилата за брзински рекорди се конструираат само за таа цел...

Обвинетите за „Насилство во Центар“ се изјаснија за невини

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ со вкрстено испрашување на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Тој треба да одговара на прашања на адвокатите, а на претходните рочишта беше испрашуван од обвинителите на СЈО. Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на...

Грчки медиуми: На 12 април нова средба Димитров – Коѕијас

Шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на 12 април ќе остварат нова средба повторно во Скопје, објавија грчките медиуми. Извори од македонското МНР, велат дека се уште не е одреден термин за нова средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас. Грчките медиуми коментираат дека следната седмица ќе биде клучна за преговорите, а во тие рамки...

Штрајк на вработените во француските железници

Службите на француските железници се десеткувани денеска, на првиот ден од штрјаковите кои би можеле да потрајат и три месеца и да станат тежок испит за реформите кои претседателот Емануел Макрон сака да ги спроведе во насока на модернизација на француската економија. Четири водечки синдикати свикаа дводневен штрајк, а планираат да ги одржуваат на секои пет дена во следните три...

Дојче Пост на партиите им продавала статистички податоци за своите корисници

Дојче пост(Германска пошта) денеска ги отфрли критиките кои уследија откако беше објавено дека статистиките за своите муштерии ги продавала на политички партии кои овие податоци ги користеле за време на предизборната кампања за минатогодишните парламентарни избори во Германија. - Дојче Пост Директ ги чува и преработува податоците за клиентите придржувајќи се строго до законот за заштита на личните податоци –...

Германската војска воведува униформи за бремени жени-војници

Германската војска планира да воведе пошироки униформи за бремените жени-војници, објави денеска Министерството за одбрана. Новите униформи ќе бидат воведени од оваа година. - Во моментот ги проценуваме повратните информации од жените-војници и ги подобрува униформите – вели портпаролката на Министерството. Осумдесет жени-војници веќе тестирале и оцениле околу 500 униформи со разни големини и комбинации, од борбени и свечени униформи, до хулахопки. Тест...

Лавров: Труењето на Скрипал можеби е и британски интерес

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија можеби биле во интерес на Британија. - Во времето на Студената војна имаше некои правила, но сега Британија и САД ја отфрлија коректноста и играат детски игри – рече Лавров. Русија отфрла одговорност за нападот врз поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во...

Од полноќ поскапуваат горивата

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, од ноќеска на полноќ се зголемуваат во просек за 2,57 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР...

Ердоган: Турција годинава со висок економски раст

Турција ќе достигне висок економски раст оваа година и ќе ја остави својата врата „ширум отворена“ за меѓународните инвеститори, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. - Имам лоши вести за оние кои се обидуваат да го користат девизниот курс како страшило за плашање на нашиот народ. Турција со висока стапка на раст, што ќе ја достигне во 2018 година, уште...

Започнува проектот „Дрво за секое дете“

Меморандум за соработка за реализација на проектот „Дрво за секое дете“ потпишаа денеска градоначалникот Петре Шилегов и претставници на гинеколошките клиники од Скопје - Како што ветив во предизборната кампања пред неколку месеци, ja почнуваме реализацијатa на проектот „Дрво за секое дете“. Заедно со ЈП Паркови и зеленило и гинеколошко - акушерските болници, преку овој проект, им овозможуваме...