Комисијата за европски прашања го усвои предлог-законот за ратификација на договорот за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров еден час зборуваше за процесот за решавање на спорот со името образложувајќи го постигнатиот договор со Грција речиси член по член пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања, која го усвои Предлог-законот за ратификација на договорот. Во своето обраќање, кое на моменти имаше и лични призвуци поради долгогодишната вклученост во процесот, Димитров кажа...

Унгарија воведува специјален имиграциски данок за хуманитарците

Унгарското Министерство за финансии соопшти денеска дека хуманитарните групи, што ја поддржуваат имиграцијата мора да платат посебен данок од 25 отсто. Министерството објасни дека „специјалниот имигрантски данок“ е неопходен затоа што одбраната од илегалната имиграција претставува дополнително оптоварување на буџетот на Унгарија. Уште не е познато како ќе се наплатува тој нов данок.

„Самураите“ ги урнаа предвидувањата на папагалот Оливија

Предвидувањата на папагалот Оливија, за кој Јапонците веруваат дека може да ги погоди резултатите на нивната фудбалска репрезентација, не се остварија, на радост на навивачите во земјата на изгрејсонцето, откако ја популарните „самураи“ ја совладаа фаворизираната Колумбија со 2-1 во првиот меч од групата Х на Светското првенство (СП) во Русија.  Јапонија славеше со головите на Шинџи Кагава од пенал...

Спасовски: Немаше прекумерна употреба на сила на протестите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на Европската комисија во Брисел, за МИА изјави дека не смета дека полицијата употребила прекумерна сила за време на протестите пред Собранието. Запрашан за критиките од јавноста за реакцијата на полициските сили за време на протестите и потреба да се испита работењето на полицијата таа вечер, министерот смета дека...

„Таргет-Тврдина“ ја чека одлуката на Врховниот суд во Атина

Судењето за предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ ќе продолжи по одморите, на 31 август, кога судечкиот совет ќе се произнесе по предлозите кои произлегуваат од одлуката на Врховниот суд во Атина за укинување на екстрадискиот притвор на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски. Обвинителката од СЈО Ленче Ристоска предложи постапката за Грујевски и Бошковски да се раздвои, со оглед дека имаат...

Теодоракис: Договорот има слабости, но е корисен да се спречи походот на Турците

Договорот има слабости, но во ова време е корисен за да го спречиме походот на Турците и да им го покажеме патот кон Европа на соседите, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис во интервју за информативниот портал „Иефимерида“, коментирајќи го Договорот меѓу Македонија и Грција. - Договорот има слабости, тоа го истакнав уште од прв момент, но особено во...

Роби Вилијамс објасни зошто го покажа средниот прст

Британскиот пејач Роби Вилијамс објасни што имал на ум кога тој го покажа средниот прст кон камерата на церемонијата на отворањето на Светското првенство 2018 пред почетокот на натпреварот Русија - Саудиска Арабија (5:0). - Во такви случаи, главната работа не е да се предизвика меѓународен конфликт. И јас го направив тоа. Остана уште една минута до крајот на церемонијата....

Заев: Со Договорот со Грција е затворено и последното прашање на патот кон ЕУ и НАТО

По Договорот со Бугарија, постигнат е достоинствен договор и со Грција, со што е затворено и последното прашање кое стои на патот на Македонија во евроатлантските аспирации. Ова денеска го рече премиерот Зоран Заев на средбата со делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија, предводена од ко-известителите Лиза Кристоферсен и Валериу Гилечи. - Граѓаните...

Анкета: Мнозинството Руси сакаат Путин да остане претседател и по 2024 година

Повеќе од половината Руси сакаат претседателот Владимир Путин да биде шеф на државата и откако ќе му заврши мандатот во 2024 година, се вели во анкета објавени денеска. Според анкетата, 51 отсто испитаници сакаат Путин повторно да биде претседател додека 27 отсто се со став дека такво сценарио би било „непосакувано“. Путин својот четврти претседателски мандат го почна оваа...

Поповски: Лажните вести носат пораки на национализам, поделба и раздор

Лажните вести речиси секогаш носат пораки на национализам, поделба, раздор, конфликт и омраза. П роблемот со лажните вести е сериозен и треба посветено да работиме на справување со овој предизвик, порача денеска од Велес м инистерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски. - Видовме, не само деновиве, туку и низ годините наназад, колку штетна може да биде пропагандата, дека...