Утре почнува летото
Од утре во Македонија и на северната хемисфера почнува летото. Истовремено на јужната полутопка настапува зимата.
Во Македонија летото почнува во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.
На...
Иринеј: Давањето автокефалност на македонската црква би била голема грешка
Бачкиот епископ на СПЦ Иринеј изјави дека би било грешка ако вселенскиот патријарх донесе еднострана одлука за афтокефалност на „канонски непризнаените цркви во Македонија и Украина, бидејќи на тоа би му се спротивставил целиот православен свет“.
- Цариградскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, а не прв без еднаквите. Затоа и, не дај Боже, да постои намера на сесветиот патријарх Вартоломеј...
Салах е насекаде низ Каиро
Огромниот портрет на Мохамед Салах насликан на ѕидот на кафуле во Каиро ги привлекува Египѓаните кои го слават пласманот на нивната репрезентација на Светското првенство по пауза од 28 години, за што најголеми заслуги има токму фудбалерот на англиски Ливерпул.
Ликот на ѕвездата на популарните „фараони“ може да се забележи насекаде низ Каиро, преку муралот на ѕидот и рекламните паноа,...
„Фајненшал Тајмс“: ЕУ размислува да отвори мигрантски центри надвор од својата територија
Лидерите на ЕУ разгледуваат планови за испраќање на мигрантите пресретнати во Средоземното Море во мигрантски центри надвор од територијата на Унијата, што укажува на промена на европскиот пристап кон прашањето за миграцијата, оценува лондонски „Фајненшал Тајмс“.
Според весникот, овие центри би биле користени за раздвојување на економските мигранти од лицата на кои им е потребна меѓународни заштита, бидејќи доаѓаат...
Барам „грејс период“ за спомениците
Човечката цивилизација зад себе остава траги поради кои наредните генерации им се восхитуваат на креативноста, умешноста, убавината на безброј споменици и фигури, кои се расфрлени низ свет. Човек би се зачудил и ќе се праша како биле изградени кога ќе застане пред париската опера, Ајфеловата кула, Версај, Ермитраж, Кинескиот ѕид, египетските пирамиди, Акропол, Венеција, Колосеум и многу, многу други...
Идиотизам и идиоти
Еве една тема, драг читателу, што е не толку ексклузивна, колку што е катадневно присутна кај нас. Тема што денес е карактеристична, пак, и за Вавилонската Дама Европа, посебно во нејзиниот однос кон Македонија. Ќе кажеме нешто малку и за тоа. Туку што е идиотизам всушност како клиничка и психолошка дијагноза? Отсуство на дух и интелигенција, малоумност, тапавост, ограниченост,...
Организаторот на средбата Трамп-Ким поднесе оставка
Заменик шефот на персоналот на Белата куќа, Џо Хегин, кој раководеше со тимот задолжен за организација на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур, понесе оставка.
Според извори во Белата куќа, Хегин ќе ја напушти должноста на 6 јули, затоа што планира да продолжи со работа во приватниот сектор.
Повлекувањето на Хегин го потврди и...
Локации во Косово и Србија ќе се испитуваат поради сомнеж за масовни гробници
Две локации во Србија, на кои постојат индиции дека може да има гробници со тела на убиени Албанци од војната во Косово во 1998-1999 година, како и две локации во Косово, ќе се испитуваат со современа истражувачка апаратура за таа намена, донирана од НАТО, јави дописникот на МИА од Приштина.
Истражувањето ќе се изврши откако косовската владина Комисија за исчезнати...
(Не)научени лекции за протестите
Македонија повторно се соочува со серија протести. Крајот на преговорите околу (не)решавањето на спорот за името, го означи почетокот на серијата нови протести на кои сме сведоци деновиве, не само во Скопје, туку и во голем број градови во државата.
Незадоволни од потпишаниот договор во Нивици во врска со „прекрстувањето“ на државата во „Република Северна Македонија“, еден дел од граѓаните...
Мексикански навивач исчезна во Москва
Франциско Хавиер Мата Санчез, навивач на мексиканската фудбалска репрезентација е исчезнат во Москва. Пријатели на младиот човек велат дека со него не стапиле во контакт од 16 јуни.
Тој ден, момчето се сретнал со Русинка која се претставила себеси како Алита. Потоа не бил виден.
Една пријателка на Санчез побарал помош на Фејсбук.
- Сигурни сме дека нешто не е во ред"....






































