Кумуцакос: Ќе направиме сė да ги смениме негативните елементи од Договорот

Како влада, ќе направиме сѐ што е можно, сѐ што е во наши раце, со преговарачки, дипломатски и политички средства, со контакти за да се смени оваа негативна разврска за земјата по Договорот, тоа е наша обврска, вели одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, говорејќи за грчката телевизија „Антена“. Во утринското интервју, пратеникот од грчката опозициска партија...

„Стаклена менажерија“ – премиера на Струмичкиот театар

По 23 години на сцената на народниот театар „Антон Панов“ во Струмица повторно се поставува претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Драгана Таневска. Премиерата е вечерва во 20 часот. За режисерката Таневска „Стаклена менажерија“ е претстава што зборува за внатрешниот конфликт во човекот. Пензионираната актерка Тинка Ристевска по пауза од 23 години повторно ќе игра во претставата...

Почнува летната серија трки на плажа

Со трка во Скопје започнува серијата трки покрај вода Beach Run што ги организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“. Планирано е да се одржат вкупно пет трки на туристички дестинации покрај вода. Покрај онаа во Скопје, во сабота ќе се одржи трка во Претор, на 7 јули во Дојран, на 22 јули во Маврово и завршната трка...

Објавена „Пената на црниот бран“ од Илиевски

Издавачот „Македоника литера“ ја објави книгата раскази „Пената на црниот бран“ од Владимир Илиевски. Книгата содржи 17 раскази, од кои еден дел претходно се наградувани на анонимни конкурси. Според рецензентот на книгата, Александар Прокопиев, јунаците во расказите на Илиевски најчесто се во расчекор со диктатите на социјалниот контекст, исправени пред мали и големи предизвици што успешно ги совладуваат или,...

Хакери украле над 30 милиони долари во криптовалути

Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути Битамб (Bithumb), од која се украдени виртуелни валути во вредност од 35 милијарди вони (31,51 милиони долари). Битамб, чија централа е во Сеул, на својот сајт информира дека ги запрела сите трговии откако утврдила дека „од синоќа до утрово се украдени криптовалути во вредност од околу 35 милијарди вони“. Платформата истакна дека ќе...

„Празник на липите“ во ДПМ

Утре во 10 часот во Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи традиционалната манифестација „Празник на липите“. Во свечениот дел ќе им бидат врачени наградите „книжевен жезол“ за исклучителен поетски опус на домашниот автор Видое Видичевски и на поетот од Романија Ѓеорѓе Добре. За поезијата на Видичевски ќе говори Раде Силјан, а за поезијата на Добре - Ермис...

Изложбата на Кралската академија во Лондон одбележува 250-ти јубилеј

Британскиот уметник Грејсон Пери е главен координатор на годинашната 250-та изложба на Кралската академија на уметноста во Лондон, која собира над 1.300 дела на реномирани уметници од светот, меѓу кои се и Аниш Капур, Дејвид Хокни, Мартин Пар, Бански, марина Абрамовиќ, Трејси Емин и др. Денес синоним за она што се случува во светот на уметноста е годишната летна...

Во Бугарија го имаат „Остен“, а ние го рециклиравме

Светската галерија на карикатури одбележува 50 години постоење, а првиот човек на „Остен“, Мице Јанкуловски, очекува Скопје да го добие и најатрактивниот музеј на карикатурата во светот Почетокот на јуни во Скопје помина во знакот на најавата на 50-та Светска галерија на карикатури, во организација на „Остен“, кога во Музејот на градот Скопје беа соопштени наградените учесници на нејзиното јубилејно...

Обиколка низ најголемата куќа на дрво во светот

Најголемата куќа на дрво во светот се наоѓа во Кросвил, САД. Таа е висока 30 метри и има повеќе од 80 соби, а нејзиниот творец Хорас Бурџис вложи повеќе од 12 илјади долари во изградбата која почнала во 1993 година. https://www.youtube.com/watch?v=rd1yJKdjaoA

По 3.500 денари за секое прваче во Општина Аеродром

Општина Аеродром за првпат оваа година доделува по 3.500 денари за секој првоодделенец. За оваа цел, општината има издвоено 2.800.000 денари од сопствениот Буџет. - Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови...