Маск најави отворање на „гигафабрика“ во Германија

Директорот на Тесла Елон Маск најави дека Германија е водечки кандидат за отворање на првата „гигафабрика“ во Европа. - Веројатно најлогичен избор е некаде на германско-француската граница, во близина на државите од Бенелукс- напиша Маск на Твитер. Тесла има помала фабрика во Германија, во близина на границата со Белгија, каде изработува машински системи потребни за идната планирана огромна фабрика за батерии....

Реакции на повлекувањето на САД од Советот за човекови права на ОН 

Русија го осудува „грубиот цинизам“ на Вашингтон и нивниот „презир“ кон Обединети нации по повлекувањето на САД од Советот за човекови права на ОН. - САД уште еднаш и нанесоа тежок удар на својата репутација на заштитник на човековите права, покажувајќи презир... кон ОН и нејзините структури- изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа додаде дека го...

Дачиќ: Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека Србија не и честитала на Македонија за Договорот за решавање на спорот со Грција, бидејќи нема што да се честита, пренесува Бета.  - Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме. Имаме позитивно мислење и поддржуваме секаков договор со кој се договара работите да се решат по мирен пат, изјави денеска...

Вратоврска од Жбогар за Дехари (фото)

При денешната посета на Општина Кичево, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како гест на добра воља и благодарност за успешната соработка, на градоначалникот Фатмир Дехари, му подари вратоврска со боите на ЕУ каква што и самиот имаше на себе. -Овој гест не го чинам денес за првпат, туку повеќе од една година кога ги посетувам општините, на повеќето градоначалници им подарувам вратоврска...

Во функција Пречистителната станица за отпадни води во Кичево

Со пригодна свеченост денес беше ставена во функција новата пречистителна станица за отпадни води во Кичево. На свеченоста присуствуваа Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, Заменик Премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, Министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари. -Денес ја имам честа да ја...

Димитров го известува Коѕијас дека договорот е ратификуван

Министерството за надворешни работи денеска ќе испрати нота до грчкото МНР, со која ќе ги извести дека Договорот е ратификуван во Собранието, потврдија за МИА од македонското МНР. Откако ќе ја добијат нотата, грчките власти ќе достават известување до Европскиот совет, во кое ќе наведат дека повеќе нема пречки за процесот на приклучување на земјата кон ЕУ.  Претседателот на Собранието Талат...

Португалија го совлада Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија. Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо. Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол. Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството...

Штипската Саат кула повторно во функција

Штипјани од денеска повторно ќе го слушаат ѕвоното на Саат култа, која се наоѓа во центарот на градот. Пробните обиди за нејзино ставање во функција се успешни, соопштија денеска надлежните од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, а под чија заштита е овој споменик на културата. Проект за реставрација на Саат кулата има, но се бара...

Тевдовски: Не се работи на ребаланс на Буџетот, реализацијата на приходите одлична

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека во моментов не се работи на ребаланс на Буџетот зашто реализацијата на приходите е одлична и тие се собираат согласно проектираното. Сепак, како што нагласи, одговорајќи на новинарско прашање, се прават анализи за тоа што треба да се стори во наредниот период. - Апсолутно немаме проблем со приходната страна. Буџетот ги собира приходите...

Би-Би-Си почна да го користи името Северна Македонија

Првите промени веќе се направени по потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција за името, откако Би-Би-Си на својата мапа земјава веќе ја означи како Северна Македонија. Би-Би-Си во својата репортажа посветена на договорот за името што го постигнаа Заев и Ципрас, го промени името на Македонија на својата мапа. Претходно на мапата името на земјата беше означено како Македонија, а...