Фото: Зоран Антоски

При денешната посета на Општина Кичево, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како гест на добра воља и благодарност за успешната соработка, на градоначалникот Фатмир Дехари, му подари вратоврска со боите на ЕУ каква што и самиот имаше на себе.

-Овој гест не го чинам денес за првпат, туку повеќе од една година кога ги посетувам општините, на повеќето градоначалници им подарувам вратоврска со боите на ЕУ, каква што и самиот носам на себе. Со овој чин сакам да потврдам дека имаме одлична соработка, која во иднина треба да продолжи и да се надградува и дека овој гест не е ничиј плагијат туку европска традиција– потсети евроамбасадорот запрашан за овој гест, кој пред неполна седмица го видовме и од страна на македонскиот премиер по средбата со неговиот грчки колега.

Дехари потоа горделиво ја покажуваше вратоврската, подарок од првиот човек на ЕУ во Македонија.