СП 2018: Роналдо е најдобриот европски репрезентативен стрелец
Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, денеска го постигна 85 гол за својата репрезентација и стана најдобриот европски репрезентативен стрелец во историјата.
Роналдо беше стрелец на победничкиот гол за Португалија против Мароко, а по хет-трикот против Шпанија ова е негов четврти погодок на Светското првенство во Русија.
Тој успеа да го надмине легендарниот Ференц Пушкаш, кој во периодот од 1945 до 1956 година...
Избрани јавни обвинители во повеќе јавни обвинителства
Советот на јавните обвинители на Република Македонија на денешната 44-та седница избра јавни обвинители на повеќе јавни обвинителства.
- За виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип избран е Тодор Витларов, за основен јавен обвинител на ОЈО Скопје - Сашо Рајчев, за основен јавен обвинител на ОЈО Куманово - Теута Бедиу Рамадани, за основен јавен обвинител на ОЈО Охрид -...
Ѕанакопулос: Договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент без проблеми
По потпишувањето на Договорот од Преспа, Грција и ПЈРМ започнуваат нова ера на пријателство, соработка и стабилност, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос , на денешниот редовен брифинг со новинарите и изрази убеденост дека Договорот ќе добие мнозинство во грчкиот парламент.
Паралелно, тој објасни дека преку зборови и обиди да сфатат граѓаните кај нас дека...
Хан ја поздрави ратификацијата на договорот
Еврокомесарот за проширување преку Твитер ја поздрави ратификацијата на Договорот за спорот со името.
I welcome the ratification by @SobranieMK of the name deal ????. It is the first step of many towards full implementation. I trust all political leaders to show leadership and courage for the next steps! @eu_near @eu_eeas
— Johannes Hahn (@JHahnEU) June 20, 2018
- Ја поздравувам ратификацијата...
Кутињо: Нејмар е важен, но поважен е тимот
Бразилецот Фелипе Кутињо не е загрижен за повредата на првата ѕвезда на репрезентацијата Нејмар да Силва, потенцирајќи дека фокусот треба да биде на тимот.
Нејмар во текот на вчерашниот ден го повредил зглобот, истиот оној поради што до неодамна имаше тримесечна пауза од фудбалот.
Тој е неизвесен за натпреварот против Костарика во рамките на 2.коло од Е-групата.
- Нејмар е еден од...
Дипломатскиот пасош на Бекер бил фалсификуван
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер предизвика дипломатски скандал од кој се засегнати Велика Британија и Централноафриканската Република (ЦАР).
Тој се повика на дипломатски имунитет со цел да ги избегне тужбите против него, откако прогласи банкрот.
Наводно Бекер во април бил назначен за британски аташе за спорт, културни и хуманитарни прашања во ЦАР и според неговиот адвокатски тим тоа го штити од...
Закажана неформална средба за миграцијата на осум лидери на ЕУ
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за в недела во Брисел закажа неформална работна средба на шефовите на држави или влади на осум членки на ЕУ посветена на прашањата за миграцијата и доделувањето азил, јави ДПА.
- Закажувам неформална работна средба за в недела во Брисел за прашањата за миграцијата и доделувањето азил со група шефови на држави или влади...
Полицијата ќе вежба во специјално опремена „Куќа за пукање“
Припадниците на полицијата од денеска ќе имаат можност да ги унапредуваат своите вештини во новиот објект за тактички вежви-куќа за пукање, во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров. Објектот е донација на Владата на САД во визнос од 900 илјади долари.
Објектот го отворија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли кој потенцираше дека...
Повеќе пари за комунални работи и за гасификација на Скопје
Повеќе пари за реконструкција и подигнување на јавното зеленило, за расчистување на дивите депонии и дополнителни 15,5 милиони денари за основање на новото акционерско друштво за енергетски дејности и за гасификација се предвидени во Предлог-измените на Буџетот на Град Скопје кои денеска ги разгледуваат советниците на Град Скопје.
Градоначалникот Петре Шилегов појасни дека најголемите промени во вкупните предвидени средства се...
Скопјанец погоден со дијабола додека се движел по улица
Во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.С. вчера пријавил дека, додека се движел по ул. „Борка Талевски“ со една дијабола бил погоден во пределот на раката.
По преземени мерки било утврдено дека лицето кое пукало од воздушна пушка е Ѓ.С.(63) од Скопје, информираат од полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица, а пушката била одземена.
По целосното расчистување и документирање на случајот...






































