С-ПЛАН – ненаменски потрошувачки кредит со мешовито животно осигурување од Винер
Најново од Шпаркасе Банка, С-План - ненаменски потрошувачки кредит со мешовито животно осигурување од Винер!
Шпаркасе Банка Македонија со својата најнова промотивна кампања го претстави новиот ненаменски потрошувачки кредит С-ПЛАН, кој за разлика од другите слични понуди на пазарот за првпат вклучува и штедна компонента, овозможена од полисата за животно осигурување во соработка со Винер лајф.
С-ПЛАН е одлична комбинација на...
Нобеловецот Ферид Мурад ја посети МАНУ
Македонската академија на науките и уметностите(МАНУ) денеска ја посети проф. д-р Ферид Мурад, добитник на Нобеловата награда за медицина и физиологија и член на МАНУ надвор од работниот состав.
Како што соопшти МАНУ, Мурад имал разговор со членовите на Одделението за медицински науки на Академијата и со вработените на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“...
Половина тон марихуана запленет во близина на Валона
Албанската полиција спречи шверц на 500 килограми марихуана, кои требало да бидат натоварени на моторен чамец, што потоа требало да ја транспортира кон италијанскиот брег.
Дрогата е откриена кај Бриштанскиот Залив во близина на Валона од каде најчесто испловуваат чамците натоварени со дрога.
Запленет е и моторен чамец, кој пловел од Италија, кон албанскиот брег.
Истиот бил следен најмалку три часа од...
Форум за вработувања, кариерно насочување, образование и младинско информирање во Прилеп
„Отворен форум со граѓанските организации” во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА се одржа денеска во центарот на Прилеп во рамките
на Неделата на граѓански организации поддржана од УСАИД.
Целта на настанот беше зајакнување на довербата помеѓу граѓаните и граѓанските
организации, да се појасни улогата на граѓанските организации во нашето општество
и да го зголеми угледот на граѓанските организации на локално и...
Работилница за креативен документарен филм „Докуникулци 2018“
Фестивалот за документарни филмови „МакеДокс“ објави повик за учество за млади од 13 до 19 години кои сакаат да бидат дел од работилницата за креативен документарен филм „Докуникулци 2018“.
Работилницата ќе ја организира во соработка со ДримОН фестивалот, а за да се пријават заинтересираните треба да се снимат себеси во вид на видеопорака со телефон или веб-камера.
Видеото треба да трае...
Спасовски смета дека полицијата во неделата постапила правилно
Македонските полицајци во неделата беа напаѓани со дрва и бетонски плочи и еден час се воздржуваа за да ја смират ситуацијата, но нивната реакција е резултат на оценката на претпоставените, а можам да кажам дека постапиле правилно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на новиот објект за тактички вежби во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров одговарајќи...
Законот за ратификација на Договорот со Грција испратен за потпис кај Иванов
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери по усвојувањето на денешната седница го потпиша Законот за ратификација на Договорот со Грција.
Џафери потоа го испрати Законот во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, кој треба да го потпише неговиот указ.
Претседателот Иванов има рок од седум дена да го потпише. Тој во изминатите денови соопшти, а денеска и повтори дека нема...
„Црниот пантер“ триумфира на наградите на Ем-ти-ви
„Црниот пантер“ ја освои главната награда на доделувањето на филмските и телевизиските награди на Ем-ти-ви. Филмот за афроамериканскиот суперхерој е прогласен за најдобар филм на годината, во конкуренција на уште четири филма: „Вондервоман“, „Одмаздници: војна на бесконечноста“, „Женско патување“ и „Тоа“.
Филмот ги освои и годинешните награди за најдобра улога во филм и за херој на годината (Чедвик Боусмен), како...
Адеми: Нема да дозволиме дополнителен број паралелки
Дополнителен број паралелки нема да дозволиме, но ќе преземеме мерки таму каде е потребно без зголемување на бројот на паралелки да се надминат некои ситуации.
Ова денеска го изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со поголемиот број пријавени од местата предвидени со конкурсот за упис во средно училиште.
- Ќе дадеме приоритет на средното стручно...
Да наполниш сала од 8.000 места – речиси невозможна мисија
Организирањето големи концерти бара многу енергија, голема организација и е речиси невозможно без некој голем покровител
Кога гледаме како музичките ѕвезди и ѕвездички од регионот и од странство ги полнат салите и стадионите, повеќето од нас помислуваат дека тоа е лесно да се направи. Но кога станува збор за домашните популарни пејачи и групи, за жал, не е така. Многумина...






































