Димитров: Претседателот е должен да го потпише законот, кој по втор пат се враќа во Собрание

Во Уставот има празнина, претседателот има право на суспензивно вето, може да добие на време или да стопира некој закон да влезе во сила, но откако законот по втор пат ќе влезе во собраниска процедура, тој е должен да го потпише, а ние сега имаме претседател, кој не ја почитува оваа обврска. Ова го порача вечерва министерот за надворешни работи...

Во Турција запленети 125,5 килограми хероин скриен во камион

Турските безбедносни сили запленија 125,5 килограми хероин скриен во камион, кој патувал на автопат во јужниот округот Османие, информираат полициски извори. Камионот бил запрен за проверка и за време на претресот била пронајдена голема количина хероин. Возачот на камионот е уапсен. Во Анкара денеска се спроведени неколку операции против наркотици. Во акциите, насочени против дилери на дрога, биле запленети 1,5 килограми хашиш, 600...

СП 2018: Уругвај обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија. Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето. Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија. Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство...

Ловци алчни за богатство го уништуваат Адријановиот ѕид

Адријановиот ѕид, кој го изградиле Римјаните пред речиси две илјади години во Британија за одбрана на северните делови на империјата, е оштетен со метални детектори. Откако беа откриени 50 дупки на еден дел од ѕидот, археолозите упатија апел до посетителите на овој историски објект да пријават доколку забележат нелегални ископи и трагачи по богатство. Инспекторот за историски споменици Мајкл Колинс нагласи...

ЕУ од петок воведува царини за американски производи

Европската унија ќе го започне процес на воведување царини за американските производи од петок, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царински давачки за увоз на алуминиум и челик од Европа. Се очекуваше дека 28 земји членки на ЕУ ќе го сторат тоа следниот месец. Сепак, комесарката за трговија на ЕУ, Сесилија Малстром, рече дека оваа...

Европол: Двојно повеќе џихадистичките напади во Европа, со двојно помалку жртви

Бројот на џихадистички напади во Европа во 2017 година бил двапати поголем во споредба со 2016 година. За сметка на тоа нападите предизвикале речиси двапати помалку жртви, соопшти денеска европската полициска служба Европол. Во Европа минатата година  биле регистрирани 33 напади, идентификувани како терористички. Во таа статистика Европол ги вклучува како извршените, така и неуспешните и осуетените  напади. Во 10 терористички напади во Европа во 2017...

Македонското МНР испрати нота до грчкото дека Договорот е ратификуван

Министерството за надворешни работи испрати нота до грчкото МНР, со која го известува дека Договорот за решавање на спорот за името е ратификуван во Собранието. Откако ќе ја добијат нотата, грчките власти ќе достават известување до Европскиот совет, во кое ќе наведат дека повеќе нема пречки за процесот на приклучување на земјата кон ЕУ.  Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша...

Унгарија го усвои Законот познат како „Стоп Сорос“

Унгарскиот Парламент денеска усвои пакет закони познати како „Стоп Сорос“, со кои се казнува каква било поддршка за илегалната имиграција. Законот за имиграција, ги содржи и измените и дополнувањата на  Кривичниот законик, со кои се казнуваат лица или организации кои ја „олеснуваат нелегалната имиграција" или помагаат во постапката за добивање азил на мигранти кои доаѓаат од безбедни земји. Според Законот, секоја...

Борисов го честита ратификувањето на Договорот во Грција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов упати денеска честитки до Македонија поради ратификувањето на Договорот со Грција, оценувајќи дека тој чекор е „храбар и претставува пресврт“. - Следните денови се клучни не само за Македонија, туку и за Западен Балкан. Ги повикувам сите пријатели од ЕУ да учествуваат во напорите со цел постабилна и побезбедна Европа- порача Борисов на својот налог на...

Во Хрватска протест поради високите цени на горивото

Во Хрватска денеска почна протест и блокада на сообраќајницата поради високи цени на горивото.  Протестот почна кратко време по 15.30 часот, а порталот „Индекс“ објави дека демонстрантите за кратко време ги блокирале сите три ленти до кружниот тек на Загреб. П ретставникот на иницијативата СТОП Дамир Кристијан Рогин, потврди дека за брзата помош ќе се остави слободен премин, како и тоа дека само...