Чекајќи го Коко

Во општеството (како и во природата), каде што сѐ настанува со причина и последица и секое нешто неизбежно води кон друго нешто, чекањето се чини како најзалудна работа, како грешка, зашто само чекањето е нешто што води само кон себе, во чекање. Една генерација чекаше да заврши транзицијата, друга да почне животот по неа. Една чека да заврши старото (полошото)...

Убиецот од Торонто бил ментално болен

Полицијата во Торонто го објави името на напаѓачот кој во неделата, пукајќи во ресторани и кафулиња, уби 10-годишно девојче и 18-годишна девојка, а рани уште 13 лица. Станува збор за 29-годишниот Фаисал Хусеин. Членовите на неговото семејство рекле дека тој бил ментално болен и оти се „борел со психоза и депресија цел живот“. Хусеин беше убиен за време на нападот во престрелка...

Погрешно именување на Преспанскиот договор

Отворено писмо од Панде Колемишевски, новинар во пензија До Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија Никола Димитров, министер за надворешни работи на Република Македонија Почитувани, Меѓу политичарите, медиумите и граѓаните, писмено и говорно, потпишаната спогодба за името меѓу Македонија и Грција најчесто се насловува како Преспански договор. Со најдобра намера сакам да ви укажам дека...

Поразителна победа

„Од она што го пишуваш во последно време, заклучувам дека си за Русија“, ми вели минатата седмица еден пријател по телефон, со глас што ми укажува дека пријателот е на границата меѓу „среднопромилен“ и „високопромилен“ човек. Си има обичај, кога малку ќе „цицне“, да „врти телефони“ и на пријателите да им кажува каде грешат. „Јас никаде немам напишано таква...

Сѐ повеќе неписмени со сѐ повеќе петки

Неверојатно е колку ученици низ државава годинава поминаа одлични и во колку одделенија немаше пониска оценка од четворка во свидетелствата. Па ние, со олку деца ајнштајни на квадратен метар, не треба да сме загрижени за нашата иднина. Отсега веројатно први ќе бидеме на меѓународните тестирања во светот во сите области, наместо како што е сега, кога сме под просекот...

Најмалку 50 загинати во пожарите во околината на Атина

Над 50 загинати и повеќе од 100 повредени е билансот од вчерашните пожари во Грција, според најновите официјални информации од портпаролот на грчката влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Димитрис Ѕанакопулос, кусо пред 3 часот утрово, соопшти дека „Атика се соочува со многу тешка ноќ“. -Бројот на потврдени загинати, за жал, во овој момент е над 20, а...

Неизвесно кога ќе се спроведе договореното од лидерската средба

Собранието на Република Македонија синоќа не одржа седница како што беше најавено од кабинетот на претседателот Талат Џафери, на која треба да се спроведе договореното на лидерската средба за Законот за финансирање политички партии, за Законот за Влада и за избор на членови на ДИК. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата вчера по лидерската средба ја почна пострапката...

Седумнаесет полесно повредени во сообраќајки изминатото деноноќие во Скопје

Седумнаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од 13-те сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција санкционирала 51 возач што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 25 возачи. Според полицискиот извештај, 21 управувале возило пред да се стекнат со право на управување...

Грција треба да го признае македонското малцинство во Грција

Ставови на „Македонија 2025“ за спогодбата од Мала Преспа Ние не ја гледаме потребата од постоењето на заедничка комисија што ќе ги разгледува историјата, археологијата и образованието, вклучувајќи ги и учебниците и мапите, унилатерално насочена кон Македонија. Ова е непотребно мешање во културните и образовните аспекти на странски ентитет во домашните работи на соседна земја и сметаме дека тоа создава...

Северна Европа погодена од тропски горештини

Суша и високи температури го зафатија целиот северен дел на Европа, јавија светските агенции. Во Финска силно е погодена северната провинција Лапландија каде горат и неколку пожари. Во исто време продолжува да се шири и пожарот по нејзината источна граница, кој почнал од Русија. Во Норвешка исто така се регистрирани многу високи температури. Во последните два месеци, мај и јуни, се...