САД депортирше повеќе од 50.000 Мексиканци

Во првите три месеци од годината САД депортирале 53.746 Мексиканци, што е за 40 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, соопштија мексиканските власти. Во исто време борците за човекови права ја повикуваат мексиканската Влада да издвои повеќе средства за поддршка на растечкиот број депортирани мексиканци. Јунис Рендон од Организацијата „Мигрантска агенда“ денеска изјави дека Мексико мора да издвои...

Ким Џонг-ун прифати да ослободи и помилува американски затвореници

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека го прифати предлогот на САД да ги ослободи и да ги помилува американските државјани, кои беа во затвор во Северна Кореја, додавајќи дека претстојниот самит со американскиот претседател ќе биде прв чекор кон подобрување на ситуацијата на Корејскиот Полуостров, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА. КЦНА наведува дека Ким постигнал задоволувачки консензус со американскиот државен секратар Мајк...

Израел и Иран разменија ракетни удари во Голанската Висорамнина

Израелската армија уништи десетици ирански воени цели во Сирија, како одговор на ракетирањето врз Голанска Висорамнина, изјави Портпаролот на израелската армија Јонатан Конрикус. Тој истакна дека ирански воени сили истрелале околу 20 проектили и ракети од сириска територија врз израелски цели на Голанската Висорамнина, на што било возвратено. - Тоа е најсериозен обид на иранската специјална единица Ал Кудс да го...

Најмалку 11 жртви во песочна бура во Индија

Најмалку 11 лица загинаа, а 25 се повредени во песочна бура која го погоди северниот дел на Индија, вторпат во последните седум дена. Претставникот на Владата Аваниш Авасти изјави дека бурата, проследена со обилни врнежи дожд и ветар кој достигнувал брзина и до 100 километри на час, синоќа ги погодила западните делови на индиската држава Утар Прадеш. Бурата корнела дрва и...

Доделување на наградите од конкурсот „Изрази се преку медиумите“

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ денеска ќе ги прогласи најдобрите медиумски производи испратени од 50-ина средношколци од цела Македонија на конкурсот „Изрази се преку медиумите“. На конкурсот се бараше од учениците да предложат решение за проблем во општината во која живеат преку продукција...

ЕБОР заинтересиран за инвестирање во гасоводната мрежа помеѓу Македонија и Грција

Два крупни проекта од областа на гасификацијата најави министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Јордан. Првиот се однесува на изградба на секундарна гасоводна мрежа во општините, а вториот за изградба на магистрален гасовод меѓу Македонија и Грција. ЕБОР е заинтересирана за финансирање на двата проекта. - ЕБОР...

Судења за „Титаник 2“, „Триста“ и „Тарифа“

Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“, „Триста“ и „Тарифа“ денеска треба да се одржат во Кривичниот суд. Во предметот „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски...

Книжевна визита за зближување на македонските и бугарските писатели

Десет македонски поети и писатели од сите генерации, од денеска до 12 мај во Софија ќе учествуваат на 11-тото издание на „Македонска книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија. Организатор на оваа веќе традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од Министерството за култура на...

Променливо облачно, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од шест до 25 степени, а УВ индексот ќе изнсува 6. Во Скопско променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд и ретки...

САД воведоа нови санкции за Русија

САД воведоа санкции за руски, ирански, севернокорејски и кинески поединци и правни ентитети, поради кршење на американскиот закон за неширeње на оружје за масовно уништување, соопшти Стејт департментот.  На листата се најдоа 28 физички и правни лица. Американската влада соопшти дека сите тие би можеле да „имаат потенцијал да дадат материјален придонес“ во развојот на крстосувачки и балистички ракетен систем на...