Прва примена на методата и во Европа
На Клиниката за урологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје успешно беа изведени првите робот-асистирани операции кај четворица македонски пациенти со карцином на простата, информираат оттаму.

-За првпат е применета и иновативната „Single Site“ техника – хируршки пристап преку само еден отвор, што овозможува исклучителна прецизност, помала траума, помалку болка и побрзо закрепнување на пациентите. Операциите беа реализирани под менторство на д-р Ди Гу, професор од Универзитетот во Гуангџоу, Народна Република Кина, што претставува значаен трансфер на знаење и потврда за меѓународната соработка на највисоко ниво – велат од установата.

Ова не е само прва ваква интервенција во земјава, додаваат оттаму, туку и прва примена на оваа метода во Европа.



































