Дачија Дастер прогласен за автомобил на годината
Од страна на национално жири за автомобил на 2018 година е прогласен Дачија Дастер, модел што годинава ги обедини признанијата за автомобил на годината и СУВ на годината.
Дачија Дастер победи во кокуренција на 10 финалисти, добивајќи ги најдобрите оценки во делот на економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, конфорт и опременост.
Наградата Автомобил...
Утре средба Папандреу-Димитров во Сунио
Со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу ќе оствари средба утре во Сунио шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Информацијата ја потврди самиот Папандреу по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас.
Поранешниот премиер за надворешната политика разговараше со Алексис Ципрас, а потоа замина на средба со Никос Коѕијас.
- За...
Меркел: Да се спроведат договорите постигнати во Дијалогот Белград – Приштина
Договорите постигнати во рамките на дијалогот Белград - Приштина мора да бидат имплементирани, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи во Берлин.
- Односите меѓу Косово и Србија се главно прашање на патот на двете земји кон Европската унија. Тоа не е лесна тема, но има напредок во врска со ова прашање. Односите меѓу двете...
Иранскиот ријал на рекордно ниско ниво во однос на доларот
Иранската валута ријал денеска падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот откако американскиот претседател Доналд Трамп објави повлекување на САД од нуклеарниот договор помеѓу светските сили и Техеран.
Доларот се продава за околу 75.000 ријали, додека вчера, пред објавувањето на одлуката на Трамп, вредеше 65.000 ријали, објавија медиумите кои го следат слободниот пазар на валути.
Вредноста на иранската валута...
Грчкиот парламент донесе Закон со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца
Грчкиот Парламент денеска го изгласа Законот, со кој на хомосексуалните двојки им се дозволува да чуваат деца. Законот беше донесен и покрај спротивставувањето на десницата.
Текстот беше изгласан со гласовите на 161 пратеници, а 103 гласаа против.
Во салата присуствуваа 264 пратеници од вкупно 300-те во Парламентот, откако неонацистичката партија Златна зора побара поединечно гласање за Законот. Легислативата беше усвоена со...
Косово остро реагира на забраната за косовските каратисти да учествуваат на ЕП во Србија
Одлуката на Србија за забрана на раководството на Косовскиот карате сојуз и косовските каратисти да влезат во Србија, за да учествуваат на Европското првенство во карате од 10 до 13 мај во Нови Сад, предизвикаа остри реакции во Косово.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Фејсбук напиша дека одлуката е „неприфатлива, без преседан и страшен чин“, кој не придонесува за нормализирање...
„Бук фест“ презакажан за 3 јуни
Манифестацијата „Бук фест“ нема да се одржи на 13 мај, како што беше најавено, туку на 3 јуни.
Како што соопштија организаторите, причина за презакажувањето е најавата за нестабилно време и дожд.
„Бук фест“ требаше да се одржи на 13 мај во Градскиот парк во Скопје. Го организира едукативната организација Хелен Дорон Македонија, а е посветен на книгите со цел кај...
Без струја утре делови од неколку скопски општини
Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре без струја ќе останат делови од неколку скопски општини.
Од 8:20 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Македонско-косовска бригада“ и дел од „Втора македонска бригада“ во Чаир, од 9:00 до 11:00 корисниците на „Антон Попов“, згради бр. 148 и бр.161 во Гази Баба, од 9:00 до 13:00...
Меркел изрази жалење за одлуката на Трамп за Договорот со Иран
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази жалење поради „тажната“ одлука на САД да се повлечат од Договорот за нуклеарна програма склучен со Иран во 2015 година и ја потврди решеноста на својата земја да се придржува кон него.
На денешната прес-конференција Меркел го повика Иран да продолжи со исполнувањето на своите обврски според Договорот, истакнувајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија...
Пирло ќе биде помошен тренер во италијанската репрезентација
Фудбалската легенда Андреа Пирло ќе стане помошен тренер во италијанската репрезентација, откако Роберто Манчини ќе биде назначен за селектор.
Како што наведуваат италијанските медиуми, се поизвесно е дека Манчини наскоро ќе ја преземе репрезентацијата на Италија.
Според весникот „Газета дела спорт“, Пирло ќе биде назначен за помошник на Манчини со цел заедно да ја вратат поранешната слава на италијанската репрезентација.
- Би...







































