Утре без вода делови од Козле, со намален притисок Жданец и Нерези

Поради реконструкција на водоводна мрежа од ф-100мм на ул. „Козле бб“, (во близина на бензиска станица Макпетрол), прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од ул. „Козле“-висока зона. Во населбите Жданец и Нерези притисокот на водата ќе биде намален. Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 9 часот до завршување на реконструкцијата.

Џонсон: САД сега треба да дадат конкретни предлози за Иран

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска изјави дека светот треба да „го држи за збор“ претседателот на САД, Доналд Трамп дека негова цел е да се изнајде ново решение за нуклеарната закана од Иран. Џонсон во обраќањето пред британските пратеници посочи дека сега САД треба да излезат со конкретни предлози за Иран. Тој додаде дека Велика Британија не планира...

Денес и утре без вода за пиење делови од Кичево

Заради спојување на водоводни линии со главниот цевковод, денес и утре ќе има прекин во водоснабдувањето на делови од Кичево и неколку селски населби, кои со вода за пиење се снабдуваат од градскиот водовод. -Денес и утре прекин со водоснабдувањето ќе има на улиците „Партизански Одреди“, населбите Влашки Пат, Горно Пашино и Под Крушино, селата Осој, Трапчин Дол и Мамудовци...

Единаесет од 16 новинари во знак на протест ги вратија наградите на ХНД

Единаесет од вкупно 16 добитници на наградата на Хрватското новинарско здружение (ХНД) ја вратија наградата во знак на протест поради овогодинешното доделување на тоа признание за телевизиско новинарство на Ивана Петровиќ од Нова ТВ поради известување за самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хаг за време на изрекувањето на пресудата. Во заедничката изјава тие наведуваат дека наградата е доделена за...

Трамп: Северна Кореја ослободи тројца Американци

Северна Кореја ги ослободи тројцата Американци, кои со месеци беа во притвор, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. - Задоволство ми е да Ве известам дека државниот секретар Мајк Помпео е во авион и се враќа од Северна Кореја заедно со тројца прекрасни господа и сите се радуваат дека ќе ги запознаат. Изгледа дека се во добра здравствена состојба, напиша...

Путин загрижен поради повлекувањето на САД од Договорот со Иран

Претседателот на Русија, Владимир Путин е многу загрижен поради одлуката САД да се повлечат од Договорот со Иран, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека Путин на средбата со постојаните членови на Рускиот совет за безбедност разговарал за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД се повлечат од Договорот за иранската нуклеарна програма и воведувањето на санкци...

Утре прекин со водоснабдувањето во Свиларе и Кондово

Корисниците од селото Свиларе и Кондово утре од осум до 15 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето, соопшти РЦУК.  Прекинот ќе биде поради поради реконструкција на ф-400мм во Пумпна Станица Свиларе. Мал прекин во водоснабдувањето утре и в петок ќе имаат и жителите на Сингелиќ.  Прекинот е поради чистење и хлорирање на левата комора од резервоар Синѓелиќ. Со работа ќе се започне во периодот...

СЈО бара конфискација на имотот на Груевски и Протуѓер

Обвинителите на Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште за „Титаник“ побараа од Судот да им се конфискува имот на обвинетите Никола Груевски и Мартин Протуѓер во вредност од 34.908.000 денари. Конфискација на имотот што одговара на незаконски обезбедени средства , обвинителите побараа и за други обвинети во овој случај. Претходно, судечкиот совет го отфрли како недозволено барањето на одбраната за изземање на специјалната јавна...

Нов цветен пазар кај Поликлиниката „Бит-пазар“

Тезгите со цвеќиња што беа распослани на тротоарот по должината на булеварот Крсте Мисирков, до Бит-пазар, сега ќе бидат поставени на посебно уреден простор зад Поликлиниката „Бит-пазар“. - Од денеска Скопје добива уште еден цветен пазар. Упатувам молба до нашите сограѓани да помогнат во овој процес на адаптација на новата локација за тезгите на цветниот пазар. Секое купено цвеќе е...

БМВ повлекува 312.000 возила од Британија

Германскиот производител на автомобили „БМВ“ отповика денеска 312.000 свои автомобили во Британија заради загриженост за можно целосно гасење за време на возење, јави британскиот сервис Би-Би-Си. Возилата што се повлечени се БМВ серија 1, серија 3, Зет 4 и Икс 1 моделите на бензин и дизел, произведени меѓу март 2007 и август 2011 година.