Гостиварец ги претепал своите родители
Изутринава во 2.15 часот Џ.М.(61) од Гостивар пријавил семејно насилство што го извршил неговиот син Х.М.(30).
Х.М. најпрво започнал вербално да се расправа со неговиот татко, а потоа физички ги нападнал своите родители, повеќе пати удирајќи ги со тупаници по главите и телата.
Набрзо по пријавувањето, Х.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на...
Принцот Чарлс и војвотката Камила пристигнаа во Атина
Со авион „Ројал ер форс“ (Royal air force), кралската брачна двојка принцот Чарлс и војвотката Камила попладнево пристигнаа во Атина.
Од атинскиот аеродром, принцот Чарлс и војвотката Камила, се упатија кон плоштадот пред грчкиот парламент за да положат цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак.
Чарлс и војвотката Камила официјалната посета ќе ја започнат со посета на претседателската палата, каде што ќе...
Се запали автобус близу Гостивар, нема повредени патници
Утрово околу 09,20 на магистралниот пат Гостивар-Кичево се запали автобус кој се движел кон Охрид, а е управуван од К.М.(51) од Скопје.
Автобусот се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници.
Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување...
Музичарите горди на првата „Македонска рок-енциклопедија“
Тошо Филиповски, музички новинар и директен учесник во создавањето на македонската рокенрол-сцена, вчера на ден пред својот роденден, на платото пред МКЦ го претстави првиот том на „Македонската рок-енциклопедија“, на кој работеше цели 6 години.
Овој редок настан привлече македонски рокери од повеќе генерации од целата земја во голем број да дојдат на промоцијата, не криејќи дека се чувствуваат гордо...
Ера Иштрефи, Бед Копи и многу други на „Ентер фест“ во Скопје
Најголемиот музички хепенинг, создаден за сите љубители на фестивалите, „Ентер фест“, започнува на 29 мај и ќе трае до 2 јуни, а ќе се одржува во надворешниот и внатрешниот дел на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
На двете сцени ќе настапуваат добро познати музички имиња од нашата музичка сцена и од целиот регион.
На сцената на „Ентерфест“ ќе настапат: Ера Иштрефи, Ван Гог,...
Тетово од утре домаќин на Гимназијадата
Тетово за првпат ќе биде домаќин на Гимназијада, најголемиот спортски настан за средношколците во Македонија. Единаесеттата по ред Гимназијада свечено ќе биде в петок, а во следните три дена околу 700 ученици од Македонија ќе учествуваат во
натпревари во различни спортски дисциплини.
- На 11-тата Гимназијада во Тетово ќе учествуваат вкупно 700 ученици и 300 други
гости од градовите низ Македонија кои...
Меѓународни експерти ќе го вештачат случајот „Дива населба“
Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“, рече премиерот Зоран Заев.
- Согласно позитивните прописи во Македонија утврдивме дека таа не може да се вклучи во средината од судскиот процес. Мора процесот да заврши до фаза на правосилност на пресудата за потоа да се внесат меѓународни претставници како коментатори, како луѓе кои што ќе бидат во самиот...
Царовска: Не смее да ни се случува смртност поради невакцинирање
Не смее да ни се случува смртност кај децата поради невакцинирање. Во Македонија треба да се подигне процентот на имунизација на децата кој од поранешните 90 отсто е многу опаднат. Тоа е регулирано со законски акти.
Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по посетата на новиот наменски адаптиран простор за детска градинка во ООУ„Рампо Левката“...
Бесни мотори на диви трки во Скопје- казнети учесниците
При спроведување мерки и активности за спречување на организирање и учество на диви трки синоќа за помалку од три часа се регистрирани 15 прекршоци и издала 15 платни налози на прекршителите.
Како што соопшти МВР, во периодот од 22.30 часот на 08.05.2018 до 01.00 на 09.05.2018 година, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи...
Зукеро на 25 јули во Охрид
Првпат во Македонија, на 25 јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и еден од најдобрите европски вокали, Зукеро, со своето шоу во Охрид, на сцената на Античкиот театар.
- Зукеро е артист што го има направено невозможното. Со карактеристичен блуз-вокал, има неверојатен број и комерцијални хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други, а пред...







































