Политичко, правно и морално решение
Пишува
д-р Гале Галев
Прашањето дали да продолжат или да прекинат преговорите околу „разликата“ за името на државата, во последно време, не само што сѐ повеќе ја бранува туку и ја подели стручната, научната и пошироката јавност. Тоа, особено, откако полномошникот на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц ги презентира пред претставниците на Владата на Република Грција и Владата...
Време е да се спаси Водно
Се јавувам поттикнат од повеќе текстови поврзани со опасностите од изградбата на згради во подножјето на Водно и на самата планина. Целта на моето јавување никако не е критика, туку само дополнение во врска со моите долгогодишни опсервации во врска со Водно.
Јас живеев и работев во САД како инженер, кога од 2001 година почнав почесто да доаѓам во Скопје...
Годинава ќе започне авиолинијата Атина-Скопје
Имаме разговарано со компанијата „Aegean airlines“, знаеме дека е планирано да се направи ова поврзување и во текот на 2018 година секако ќе започне, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос во однос на новата авиолинија Атина - Скопје најавена за оваа година.
- Постојат разговори во „Aegean“ за активирање на оваа авиолинија. Ние на тоа гледаме позитивно, како...
Туристите виновни за глобалното затоплување
Најновото истражување на Универзитетот на Сиднеј наведува дека домашниот и меѓународниот туризам претставуваат причина за осум отсто од емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, што е четирипати повеќе од претходните предвидувања.
Според претходни проценки, туризмот создава 2,5 до три отсто од светските емисии на штетни гасови.
Најмногу поради домашниот туризам штетни гасови се регистрирани во САД, Кина, Германија, Индија,...
Димовски: Амбасадорот Наумовски ќе биде вратен на консултации во Скопје
Нема недоразбирања и нема заобиколувања. Должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји, изјави државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање по поплаката на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за игнорантскиот однос на...
Силен земјотрес го погоди планинското подрачје на Авганистан
Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала бил регистриран денеска во Авганистан, соопшти Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во планинскиот реон Хиндукуш, на 290 километри североисточно од Душанбе, во Таџикистан, на длабочина од 109 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град на Пакистан, Исламабад.
Нема информации за загинати или евентуални материјални штети.
Смртниот спокој на Македонците
Мислам дека Македонците никогаш не биле толку анемични и рамнодушни кон сопствената судбина. Во малцинство се тие што не се. Дај Боже да грешам, ама силни се знаците што го говорат спротивното. А токму сега ние треба да се бориме до последниот здив за одбрана на Името ако не сакаме да бидеме на крајот колектив, народ на безидентитетски европски...
На Саемот на книгата му треба нова физиономија, не само локација
Пулскиот саем на книгата успеа да се одлепи од општествено-политичките конотации што владеат во остатокот на земјата. Луѓето тука имаат чувство дека можат слободно да зборуваат, на бината секој може да каже што сака, нема цензура на зборот, а писателите особено го сакаат тоа, па постојано му се навраќаат... Традиционалниот „Појадок со авторот“ во кафеаната „Моцарт“ е содржина што...
Хамнеи: Иран нема да остане во нуклеарниот договор без цврсти гаранции на Европјаните
Иран нема да продолжи да го почитува договорот, доколку не добие „цврсти гаранции од Европа, изјави иранскиот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Тој одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран ја оцени како „глупава и површна“.
Хамнеи имаше резерви кон нуклеарниот договор уште од времето на неговото постигнување во 2015 година и досега...
Државниот секретар на САД веројатно зажали поради гафот за Ким Јонг-ун
Државниот секретар на САД Мајк Помпео, неодамна направи гаф, ословувајќи го севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, како „претседателот Ун“, што наиде на остри реакции во јавноста, пренесува „Њујорк тајмс“.
Помпео спомна дел од името на севернокорејскиот лидер, наместо неговото презиме, при коментарите кои ги даде во текот на патување кон Јапонија.
„Некој навистина треба да поразговара со Помпео, пред тој да се...







































