Фото: Маја Јаневска Илиева

Култниот македонски бенд „Архангел“ синоќа го одржа концертот „Срцевина“ на стадионот на АРМ во Скопје, претворајќи ја вечерта во музичко патување низ безвременските песни на бендот.

Посебен белег на вечерта даде и Васил Хаџиманов, кој со својот бенд го отвори концертот, а подоцна повторно се појави на сцената во емотивна изведба со Ристо Вртев.

Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева

Пред бројна публика, „Архангел“ изведе дел од своите најпознати композиции, создавајќи силна емотивна врска со обожавателите. Концертот, проследен со моќен звук и впечатлива визуелна продукција, уште еднаш ја потврди важноста на бендот во македонската музика.