Од редакциски агол
СОФИЈА КАКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЕВРОПА
- Софија деновиве беше повеќе од главен град на една балканска држава. Таа стана сцена на европска дебата во концентрирана форма. Едната колона ја претставуваше Европа на индивидуалните права, разновидноста и постнационалниот либерален идеал. Другата ја претставуваше Европа на традицијата, универзалните вредности на религијата, семејството и националниот суверенитет.
- Секако, реалноста не е црно-бела. Ниту либерализмот ќе исчезне ниту традиционализмот ќе стане единствена доминантна идеологија. Но она што веќе е јасно е дека завршува периодот во кој една политичка и културна парадигма имаше речиси монопол врз европскиот јавен простор
Во последните триесет години европскиот проект беше воден од идејата дека „историјата има јасна насока“(!?). Поголема интеграција, посилни наднационални институции, културен космополитизам и ширење на либералните вредности се сметаа за природен и неизбежен правец на развојот. Во таквата визија, националните држави постепено требаше да ѝ отстапуваат простор на една поширока европска политичка и културна рамка. Но денес таа претстава сè повеќе се доведува во прашање
Дали Стариот Континент влегува во ерата на суверенистичката противтежа? Апсолутно – да. Понекогаш големите историски процеси најдобро се гледаат преку локални настани. Таков беше и случајот со Софија, каде што во ист ден се одржаа „Софија прајд“ и „Поворката за семејството“. На прв поглед, станува збор за две различни јавни манифестации. Но, на подлабоко ниво, тие претставуваат симболична слика на големата политичка и културна трансформација што ја зафаќа Европа.
Во последните триесет години европскиот проект беше воден од идејата дека „историјата има јасна насока“(!?). Поголема интеграција, посилни наднационални институции, културен космополитизам и ширење на либералните вредности се сметаа за природен и неизбежен правец на развојот. Во таквата визија, националните држави постепено требаше да ѝ отстапуваат простор на една поширока европска политичка и културна рамка.
Но денес таа претстава сè повеќе се доведува во прашање. Европа се соочи со финансиски кризи, миграциски бранови, безбедносни закани, војна на своите граници и забрзана ерозија на довербата во институциите. Наместо поголема кохезија, многу општества почувствуваа растечка несигурност и чувство дека клучните одлуки се носат далеку од граѓаните.
Токму во такви околности започна подемот на суверенистичките движења. Од Будимпешта до Рим, од Виена до Хаг, сè поголем број политички сили ја градат својата поддршка врз идејата дека Европа мора повторно да се врати кон своите национални, културни и цивилизациски темели.
За нив прашањето не е само економско или институционално. Станува збор за идентитет. За тоа што е Европа, кои се нејзините вредности и дали континентот може да опстане како цивилизациска целина ако ги релативизира сопствените историски корени.
Во таа смисла, Софија беше повеќе од главен град на една балканска држава. Таа стана сцена на европска дебата во концентрирана форма. Едната колона ја претставуваше Европа на индивидуалните права, разновидноста и постнационалниот либерален идеал. Другата ја претставуваше Европа на традицијата, универзалните вредности на религијата, семејството и националниот суверенитет.
Секако, реалноста не е црно-бела. Ниту либерализмот ќе исчезне ниту традиционализмот ќе стане единствена доминантна идеологија. Но она што веќе е јасно е дека завршува периодот во кој една политичка и културна парадигма имаше речиси монопол врз европскиот јавен простор. Новата епоха ќе биде епоха на натпревар меѓу различни визии за иднината. Епоха во која Брисел ќе мора повеќе да ги слуша националните престолнини, а европските елити повеќе да ги разбираат стравовите и очекувањата на сопствените граѓани.
Затоа вистинската порака од Софија не е во тоа кој собрал повеќе луѓе на улиците. Пораката е дека Европа влегува во период на длабоко идеолошко преобликување. Старите сигурности се рушат, а новиот баланс на сили допрва се создава. Тектонските поместувања што денес се чувствуваат во Унгарија, Италија, Франција или Германија, па и во Бугарија, не се привремена политичка епизода. Тие се симптом на поширока цивилизациска дебата за идентитетот на континентот.
И токму затоа Софија може да се чита како предупредување, но и како најава. Па, дај боже тоа да е симптом и за локално, билатерално ниво. Предупредување дека европскиот консензус од минатите децении повеќе не постои. И најава дека иднината на Европа ќе биде обликувана од судирот меѓу две големи идеи – глобалистичката и суверенистичката, либералната и традиционалистичката.
Која од нив ќе ја одреди насоката на континентот во XXI век останува отворено прашање. Но едно е сигурно. Битката за идентитетот на Европа веќе започна. Нашата ние одамна си ја водиме. И на внатрешен и на надворешен план. Само треба да издржиме и да веруваме во победата. Заради нас самите, во името на нашите заминати за истата идеја!


































